Припадниците на Единицата за интервенции на затворската полиција на Северна Македонија ја оствари првата службена студиска посета во Варшава, разменувајќи искуство и најдобри практики со полската интервентна група на затворската служба (ПСИГ).
Делегацијата беше водена од в.д. директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, заедно со пет затворски полицајци кои работат во КПУ Идризово, најголемиот затвор во Северна Македонија. Тие ја посетија казнено-поправната установа Биалолека, како и базата на полската интервентна група на затворската служба, каде имаа можност да ги видат капацитетите за обука и опрема. Во текот на вториот ден, посетителите го посетија затворот Попово, каде се наоѓа центарот за обука за затворските службеници. Се разговараше и за постапката за вработување и интерна селекција на затворската полиција, како и можностите за ресоцијализација на осудените лица.
Во изминатите две години, Советот на Европа, со поддршка од Европската Унија, ѝ помага на Управата за извршување на санкции во градењето капацитети и воспоставувањето правна рамка за интервентните единици, утврдувајќи ги правилата за ангажирање и известување, со фокус на нивната отчетност и почитување на човековите права.

