Зајакнување на правдата
Работата во оваа тематска област се фокусира на затворите и полицијата (вклучувајќи ги и човековите права во полицијата, здравствената заштита во затворите и заштитните мерки против тортура и малтретирање), стандардите за човекови права во судството (фокусирајќи се на подобрување на примената на судската пракса на Европскиот суд за човекови права), миграциските прашања, ефикасноста на правосудните системи (со фокус на анализа на судската статистика за оптимизирање на судските администрации) и/или правна соработка (која се концентрира на зголемување на индивидуалната независност на судиите и обвинителите и одговорноста на правосуден систем).
- Зајакнување на квалитетот и ефикасноста на правдата во Албанија (SEJ IV)
- Подобрување на заштитата на правото на сопственост и олеснување на извршувањето на пресудите на ЕСЧП во Албанија (D-REX III)
- Зајакнување на заштитата на човековите права на затворениците во Албанија
- Зајакнување на ефикасноста и квалитетот на правдата во Босна и Херцеговина (БиХСЕЈ)
- Понатамошно зајакнување на третманот на притворените и осудените лица во согласност со европските стандарди во Босна и Херцеговина
- Зајакнување на квалитетот и ефикасноста на правдата во Косово* (KoSEJ III)
- Зајакнување на одговорноста на судскиот систем и зајакнување на заштитата на правата на жртвите во Црна Гора
- Зајакнување на заштитата на човековите права за притворените и осудените лица во Црна Гора
- Кон консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија
- Зајакнување на капацитетите на казнено-поправниот систем во Северна Македонија
- Зајакнување на заштитата на човековите права во Србија
- Зајакнување на заштитата на човековите права за притворените и осудените лица во Србија
- Зајакнување на заштитата на човековите права во контекст на миграцијата во Турција
- Кон подобра евалуација на резултатите од напорите за судски реформи во Западен Балкан – Фаза II „Контролна табла Western Balkans II“
- Зајакнување на соработката на Западен Балкан во управувањето со насилниот екстремизам во затворите и спречување на понатамошна радикализација по ослободување
*Оваа ознака не ги прејудицира ставовите за статусот и истата е во согласност со Резолуцијата на ОНСБ 1244 и Мислењето на МСП за Декларацијата за независност на Косово.