Промовирање и заштита на слободата на изразување и медиумите
Работата во оваа област се фокусира на промовирање на слободата на изразување и слободата на медиумите во согласност со европските стандарди. Таа е насочена кон правните професионалци (судии, обвинители, адвокати), полициските власти, регулаторните тела за медиуми и владините тела задолжени за законодавството за медиуми и прашања поврзани со новинарството, како и медиумските актери (новинари, здруженија на новинари, тела за саморегулација, студенти на право и новинарство и други медиумски организации). Темите за заштита на податоците и пристапот до информации од јавен карактер се од особен интерес во рамките на темата заштита на слободата на изразување и на медиумите.
Проекти под тема 4: Промовирање и заштита на слободата на изразување и медиумите
- Заштита на слободата на изразување и на медиумите во Албанија (ПРО-ФРЕКС)
- Заштита на слободата на изразување и на медиумите во Босна и Херцеговина (ПРО-ФРЕКС)
- Заштита на слободата на изразување и на медиумите (ПРО-ФРЕКС)
- Заштита на слободата на изразување и на медиумите во Црна Гора (ПРО-ФРЕКС)
- Заштита на слободата на изразување и на медиумите во Северна Македонија (ПРО-ФРЕКС)
- Заштита на слободата на изразување и на медиумите во Србија (ПРО-ФРЕКС)
- Заштита на слободата на изразување и на медиумите во Западен Балкан (ПРО-ФРЕКС)