Работата во оваа тематска област се фокусира на затворите и полицијата (вклучувајќи ги и човековите права во полицијата, здравствената заштита во затворите и заштитните мерки против тортура и малтретирање), стандардите за човекови права во судството (фокусирајќи се на подобрување на примената на судската пракса на Европскиот суд за човекови права), миграциските прашања, ефикасноста на правосудните системи (со фокус на анализа на судската статистика за оптимизирање на судските администрации) и/или правна соработка (која се концентрира на зголемување на индивидуалната независност на судиите и обвинителите и одговорноста на правосуден систем).

Back Трет состанок на Управниот одбор на проектот: „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во Северна Македонија”

photo: Shutterstock

photo: Shutterstock

Третиот состанок на Управниот одбор на проектот: „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во Северна Македонија” се одржа на 08 јули 2020 година како online состанок.

Беа презентирани резултатите постигнати во првата половина од 2020 година, заедно со непосредните мерки кои беа преземени со цел да се адресираат предизвиците наметнати од кризата со Covid-19, кои беа пофалени од директорот на Управата за извршување санкции и претставникот од Министерството за здравство. Учесниците беа информирани дека сите активности вклучени во планот за олеснување на последиците се спроведени благодарение на посветеноста и заложбата на персоналот вработен во институциите-корисници. Претставникот на Министерството за надворешни работи, во улога на координатор на државата корисник на програмата Horizontal Facility, ја нагласи поддршката за овој проект кој е многу значаен за Северна Македонија.

Членовите на Управниот одбор го усвоија работниот план за следните шест месеци и се вклучија во плодна дискусија за претстојните активности. По дискусијата за предизвиците во врска со оперативноста на надворешниот механизам за контрола на полицијата сите членови на УО ги договорија конкретните чекори и мерки. Националниот координатор за борба против насилен екстремизам ги потенцираше постигнувањата на проектот во однос на оттргнување од насилство на насилните екстремисти и странските борци.

Проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во Северна Македонија” е дел од заедничката програма на Европската унија и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019-2022” која ја спроведува Советот на Европа.

Скопје 10 јули 2020
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
Проекти под тема 1: Зајакнување на правдата

*Оваа ознака не ги прејудицира ставовите за статусот и истата е во согласност со Резолуцијата на ОНСБ 1244 и Мислењето на МСП за Декларацијата за независност на Косово.