Работата во оваа тематска област се фокусира на затворите и полицијата (вклучувајќи ги и човековите права во полицијата, здравствената заштита во затворите и заштитните мерки против тортура и малтретирање), стандардите за човекови права во судството (фокусирајќи се на подобрување на примената на судската пракса на Европскиот суд за човекови права), миграциските прашања, ефикасноста на правосудните системи (со фокус на анализа на судската статистика за оптимизирање на судските администрации) и/или правна соработка (која се концентрира на зголемување на индивидуалната независност на судиите и обвинителите и одговорноста на правосуден систем).

Back Процена на недостатоците во давањето на правна помош во кривични постапки во Северна Македонија

Процена на недостатоците во давањето на правна помош во кривични постапки во Северна Македонија

Во рамките на процесот на правење на процена на недостатоците во давањето на правна помош во кривични постапки во Северна Македонија, се одржаа неколку интервјуа на далечина со релевантни стручни соработници (приватни и адвокати по службена должност, судија, јавен обвинител, претставници од Министерството за правда, службеник за старателство, итн.).

За време на оваа тридневна процена, која ја спроведоа двајца консултанти на Советот на Европа и проектниот тим, се одржаа девет состаноци/интервјуа со кои се опфатија важни теми како на пример, правната помош во кривични постапки (истрага, судски рочишта и жалбите), механизмот за барање и доделување на адвокат, давателите на услуги и механизмите за обезбедување на квалитет, како и за менаџирање и финансирање на системот. Освен интервјуата, консултантите спроведоа и анкета, користејќи прашалници за адвокати и за судии, опфаќајќи ги горенаведените теми.

Податоците собрани преку интервјуата и прашалниците ќе им помогнат на консултантите на Советот на Европа, г-дин Виктор Захариа и г-а Бојана Неткова, да ја изготват процената и потоа да дадат препораки за давањето на правна помош во кривични постапки во Северна Македонија. Нивната работа ќе ја постави основата и ќе ги даде потребните насоки за отстранување на недостатоците и за спроведувањето на последователните активности за подобрување на пристапот до правдата во кривичните постапки, што е основен предуслов за остварување на човековите права.

Активноста беше организирана во рамките на проектот за “Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија” кој е дел од програмата ‚‚Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција IIʻʻ , заеднички проект на ЕУ/Совет на Европа којшто го спроведува Советот на Европа.

 

 

 

СКОПЈЕ 27 Maj 2020
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
Проекти под тема 1: Зајакнување на правдата

*Оваа ознака не ги прејудицира ставовите за статусот и истата е во согласност со Резолуцијата на ОНСБ 1244 и Мислењето на МСП за Декларацијата за независност на Косово.