Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје повторно го одбележува Европскиот ден на правдата во Северна Македонија, овој пат со натпревар за цртежи и есеи, под слоганот „Да ја доближиме правдата до граѓаните“. Оваа иницијатива ги поканува децата и младите од Северна Македонија да размислат за значењето на еднаквиот пристап до правдата за сите, без дискриминација. Преку креативен израз во визуелната уметност, учесниците се охрабруваат да ја споделат својата визија за правдата, праведноста, човековите права, како и за борбата против омразата и нетолеранцијата. Натпреварот ќе биде отворен од 29 септември до 25 октомври 2025, а сите квалификувани цртежи ќе бидат изложени пред јавноста на отворен настан на 20 ноември 2025 година, додека квалификуваните есеи ќе бидат објавени во публикација, но и ќе бидат достапни онлајн
Европскиот ден на правдата, кој се слави секоја година околу 25 октомври, има за цел да ја доближи правдата до граѓаните, информирајќи ги за нивните права и промовирајќи ја работата на Европската унија и Советот на Европа во полето на правдата. Од 2020 година, Европскиот ден на правдата се одбележува во Северна Македонија со јавни настани и други активности организирани со поддршка на заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа „Хоризонтален Инструмент за Западен Балкан и Турција“.
Овој натпревар обезбедува платформа за деца, млади уметници и амбициозни писател(к)и да истакнат како правдата може да ги оснажни луѓето, да ја зајакне еднаквоста и да се бори против дискриминацијата и нетолеранцијата.
Со вклучување на креативноста и идеите на младите, овој натпревар не само што ќе го прослави талентот и уметноста, туку и ќе инспирира нова генерација на млади луѓе да ја цени правдата, еднаквоста и човековите права. Овој конкурс е потсетник дека градењето на праведно општество започнува со самосвест — и дека секој граѓанин и секоја граѓанка, без оглед на возраста, има улога во доближувањето на правдата до сите.
Цртежите и есеите можат да се достават директно во Програмската канцеларијата на Советот на Европа во Скопје или да се испратат по електронска пошта.
За подетални информации околу натпреварот, Ве молиме преземете го летокот.