Back Студент(к)и по право од правните клиники во Тетово ги зајакнуваат своите вештини за обезбедување бесплатна правна помош

Тетово, Северна Македонија 29 април 2026 година
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Студент(к)и по право од правните клиники во Тетово ги зајакнуваат своите вештини за обезбедување бесплатна правна помош

Примарната правна помош обезбедена од овластени правни клиники е од клучно значење за гарантирање на пристапот до правда за сите, во согласност со европските стандарди. Во континуираните напори за зајакнување на нивните капацитети за обезбедување бесплатна правна помош, особено за најранливите заедници, 33 студент(к)и по право ја завршија четвртата каскадна обука на тема „Обезбедување на бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија“.

Поддржана од Европската унија и Советот на Европа и организирана во тесна соработка со правните клиники при Правниот факултет на Државниот универзитет во Тетово и на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, обуката имаше за цел да ги унапреди практичните вештини на студент(к)ите, обезбедувајќи им суштински знаења и алатки за ефикасно обезбедување бесплатна правна помош.

Професорките Арта Меро и Њомза Селими Османи, раководителки на правните клиники во Тетово, ја нагласија важноста на подготовката на идните правни професионалци за активно учество во системот на бесплатна правна помош во Северна Македонија. Тие истакнаа дека правните клиники им овозможуваат на студентите практично искуство, овозможувајќи им да го применат своето академско знаење додека им помагаат на лица кои се соочуваат со реални правни предизвици - заемно корисна размена што го зајакнува и учењето и обезбедувањето правда.

Посебна сесија беше посветена на правната помош за жртвите на родово-базирано и семејно насилство, нагласувајќи ја важноста од обезбедување поддршка за најранливите во oпштеството. Во соработка со акцијата на Европската унија и Советот на Европа „Зајакнување на борбата против трговијата со луѓе во Северна Македонија“, сесијата за правна помош за жртви на кривични дела и трговија со луѓе поттикна интересни дискусии меѓу учесниците. Бојана Божиновска Силјановска, консултант на Советот на Европа, ја претстави Конвенцијата за борба против трговијата со луѓе и нејзиниот механизам за следење – ГРЕТА (Група експерти за борба против трговијата со луѓе).

Во текот на обуката, студент(к)ите учествуваа во практични вежби и студии на случај, со што се придонесе кон надминување на јазот меѓу теоријата и практиката. Тие обработуваа клучни теми поврзани со правната помош, вклучувајќи ја разликата меѓу примарна и секундарна правна помош, како и обезбедувањето поддршка во случаи на семејно и родово-базирано насилство и случаи поврзани со деца.

Обуката се одржа во два дела: првиот на 23 март во просториите на Правната клиника при Државниот универзитет во Тетово, а вториот на 29 април на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Сесиите беа организирани со поддршка на проектот „За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија“ којшто е дел од заедничката програма на Европската Унија и на Совет на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција“ во соработка со Државниот универзитет во Тетово и Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

 

 

 

Работата во оваа тематска област се фокусира на затворите и полицијата (вклучувајќи ги и човековите права во полицијата, здравствената заштита во затворите и заштитните мерки против тортура и малтретирање), стандардите за човекови права во судството (фокусирајќи се на подобрување на примената на судската пракса на Европскиот суд за човекови права), миграциските прашања, ефикасноста на правосудните системи (со фокус на анализа на судската статистика за оптимизирање на судските администрации) и/или правна соработка (која се концентрира на зголемување на индивидуалната независност на судиите и обвинителите и одговорноста на правосуден систем).

Проекти под тема 1: Зајакнување на правдата

*Оваа ознака не ги прејудицира ставовите за статусот и истата е во согласност со Резолуцијата на ОНСБ 1244 и Мислењето на МСП за Декларацијата за независност на Косово.