Со оглед на брзиот раст на потребите, како и на вредноста на Програмата ХЕЛП на Советот на Европа (Human Rights Education for Legal Professionals – HELP), расте групата ХЕЛП тутори во Северна Македонија.
Со поддршка на заедничкиот проект на ЕУ и Советот на Европа „ХЕЛП во Западниот Балкан“, на 1 и 2 октомври 2020 година се одржа ХЕЛП обука за обучувачи (Training-of-Trainers, ToT) во соработка со македонската Адвокатска комора. Целта на оваа обука беше да се прошири постоечката група ХЕЛП тутори/обучувачи и на тој начин да се одговори на зголемената потреба за обука.
Љубомир Михајловски, Претседател на македонската Адвокатска комора, ги поздрави идните ХЕЛП тутори, потсетувајќи на нивната улога во натамошно ширење на Европските стандарди за човековите права меѓу нивните колеги, преку курсевите ХЕЛП. Ева Пастрана, Раководителка на Програмата ХЕЛП, ја нагласи потребата да се прошири групата тренери, во светло на зголемениот интерес за онлајн курсевите ХЕЛП и бројот на македонски корисници на Платформата за електронско учење ХЕЛП на Советот на Европа.
Низ интензивната дводневна обука, идните ХЕЛП тутори имаа можност да ги зајакнат своите познавања за Методологијата за обука на Програмата ХЕЛП и нивните вештини за користење на Платформата ХЕЛП. По оваа обука, учесниците ќе работат на завршна задача и по успешното комплетирање на оваа задача ќе бидат вклучени во листата на сертифицирани ХЕЛП тутори.
Од започнувањето на Проектот „ХЕЛП во Западниот Балкан“ во рамките на програмата Horizontal Facility на 1 декември 2019 година, броjот на македонски корисници на онлајн Платформата ХЕЛП порасна за 76%, а 11 ХЕЛП туторирани курсеви беа спроведени во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители и Адвокатската комора, за повеќе од 500 правни професионалци.
Обуката за обучувачи е организирана во рамките на проектот „ХЕЛП во Западниот Балкан”, имплементиран под заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа “Horizontal Facility за Западниот Балкан и Турција 2019-2020”.