Back Партнерите ги здружија силите за борба против дискриминација и омраза, како и поддршка на младите во Северна Македонија

Скопје, Северна Македонија 15 мај 2025
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Партнерите ги здружија силите за борба против дискриминација и омраза, како и поддршка на младите во Северна Македонија

На денешниот петти состанок на Управниот одмор на проектот „Борба против омразата и нетолеранцијата во Северна Македонија“, кој традиционално ги собира главните корисници, партнери и засегнати страни, учесниците се согласија дека за подобрена ефикасност во борбата против омразата и нетолеранцијата, особено кај младите, потребен е заеднички и координиран напор.

Членовите на состанокот на Управниот комитет имаа многу продуктивна и плодна дискусија за досегашните активности и резултати, и додека ги пофалија напорите на проектот и сите вклучени, тие нагласија дека е потребно многу повеќе работа при градење капацитети на институциите, како и работа со граѓаните воопшто, особено со младите.

Некои од значајните резултати и активности што беа споменати беа поддршката на изработката на Акцискиот план за еднаквост и недискриминација, Повикот за мали грантови за борба против говор на омраза, како и подготовките на Упатствата за наставници и родители за препознавање и борба против говорот на омраза и врсничкото насилство во училиштата, кои се во последна фаза на изработка.

Проектот „Борба против омразата и нетолеранцијата во Северна Македонија е дел од „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција III“, заедничка програма на Европската Унија и Советот на Европа, кој има за цел да ги поддржи напорите на институциите да развијат хармонизиран институционален пристап за борба против дискриминација и говор на омраза.