Back Правда за жртвите на говор на омраза и злосторства од омраза: Адвокати и правници од Северна Македонија научија повеќе за европските стандарди за борба со омразата

СКОПЈЕ / Северна Македонија 28 MAPT 2025
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Правда за жртвите на говор на омраза и злосторства од омраза: Адвокати и правници од Северна Македонија научија повеќе за европските стандарди за борба со омразата

Правната заштита и поддршка на жртвите на говор на омраза и криминал од омраза е од клучно значење во напорите за успешна борба против говорот на омраза и злосторствата од омраза. Од овој аспект, адвокатите и адвокатките, како и правниците и правничките се важни чинители и чинителки во процесот на обезбедување заштита на жртвите на говор на омраза и злосторства од омраза, и поконкретно при застапување на овие жртви во правните постапки.

Во оваа насока, во соработка со Адвокатската комора, со учество на 29 адвокати, адвокатки, правници и правнички од Северна Македонија успешно беше завршен уште еден HELP курс за европските стандарди и правна рамка за борба против говорот на омраза и злосторствата од омраза. Оваа иницијатива доаѓа по успешно завршениот курс HELP за борба против говор на омраза и криминал од омраза во 2024 година, преведен за прв пат на македонски јазик во 2023 година, со што бројот на адвокати, адвокатки, правници и правнички кои го следеле курсот се искачи на 72.

Е-курсот на HELP за борба против говорот од омраза и злосторствата од омраза е дел од Европската програма за образование за човекови прави за правници и правнички (HELP). Тој беше заеднички спроведен од проектот „Борба против омразата и нетолеранцијата во Северна Македонија“, кој е дел од заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа - „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“ и проектот „HELP на Западен Балкан“, во соработка со Адвокатската комора на Северна Македонија.