Back Борба против говорот на омраза: Обука за суди(јк)и и јавни обвинител(к)и во Северна Македонија

Скопје 11 април 2025
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Борба против говорот на омраза: Обука за суди(јк)и и јавни обвинител(к)и во Северна Македонија

Клучен елемент на напорите на ЕУ и Советот на Европа за борба против дискриминацијата е поддршката на јавните институции во процесот на зајакнување на нивните капацитети за подобро справување со основните прашања поврзани со борбата против говорот на омраза, вклучително и антициганизмот како спечифична форма на омраза кон Ромите и Патувачите.

За да го постигнат ова, 33 суди(јк)и и јавни обвинител(к)и во Северна Македонија се собраа во Скопје за да ги унапредат своите вештини и знаења за главните концепти на антидискриминација и антициганизам како форма на расизам и дискриминација која специфично ги таргетира Ромите и поврзани групи, кои се вкоренети во историските предрасуди и негативните стереотипи. Тренингот исто така им помогна истовремено да го продлабочат своето разбирање за тоа како да направат разлика помеѓу слободата на изразување и говорот на омраза.

За време на сесиите, учесниците и учесничките дискутираа за судската пракса на Европскиот суд за човекови права во однос на говорот на омраза и слободата на изразување, во контекст на домашната правна рамка на Северна Македонија. На обуката беа претставени и главните европски стандарди и најважните документи во врска со слободата на изразување и борбата против говорот на омраза и кривични дека од омраза, вклучувајќи ја Европската конвенција за човекови права и Препораката на Комитетот на министри за борба против говорот на омраза.

Дискусијата ја истакна важноста од правилно толкување и примена на европските стандарди при балансирање на слободата на изразување со потребата за борба против говорот на омраза. Учесниците и учесничките дискутираа за предизвиците со кои се соочуваат во праксата, особено во правењето разлика помеѓу навредлив или провокативен говор што е заштитен, и изрази што претставуваат поттикнување омраза или насилство, дури и кривично дело од омраза. Преку интерактивна анализа заснована на случаи, тие разгледуваа како судското расудување мора внимателно да го процени контекстот, намерата и потенцијалната штета, особено кога се работи за говор насочен кон ранливите групи, вклучително и ромската заедница. Размената на мислења ја истакна клучната улога на судството во заштитата на демократските вредности и истовремено обезбедувајќи одговорност за говорот на омраза.

Оваа активност беше организирана од страна на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2023-2026“ и нејзините проекти „Борба против омразата и нетолеранцијата во Северна Македонија“ и Заштита на слободата на изразување и на слободата на медиумите во Северна Македонија – ПРОФРЕКС и  Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико, како дел од проектот финансиран од Европската Унија „Надвор од бариерите: Резилиентност на Ромите во Западен Балкан“, во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители.