Заедничката кампања на Европската Унија и Советот на Европа, „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“, која се фокусира на борбата против говор на омраза, официјално ќе биде промовирана во Музејот на современа уметност во Скопје, во понеделник (20 декември 2021), од 12 до 13.30 часот.
На промоцијата на кампањата за кревање на свеста, свои обраќања ќе имаат:
- Каталин Тамус, Раководител на програми, Програмска канцеларија на Совет на Европа во Скопје
- Елизабета Ѓоргиевска, Прва дама на Република Северна Македонија
- Фрејк Јанмат, Оперативен раководител за економски развој, владеење на правото и јавна администрација, Делегација на Европската Унија во Скопје
- Весна Бендевска, претседателка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација
- Филип Поповски, генерален секретар, Фудбалска федерација на Македонија
Амбасадорите против говор на омраза, истакнати јавни личности кои ќе ја поддржат кампањата, исто така ќе бидат на настанот, вклучувајќи ги и: Љуљета Адеми – активистка и лингвистка, Денис Јанкуловски - здравствен работник и Европеец на годината за 2021 година, Огнен Јанески, тв-водител и активист за човекови права, Силвана Мучиќ Плевнеш – популарна пејачка и дел од популарната група „Силви бенд“, Бесфорт Идризи, и Младите европски амбасадори, Дона Срдиќ и Албрие Џемаили.
Кампањата „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“ има за цел да ја крене свесноста околу различните форми на говор на омраза кои таргетираат специфични заедници и поединци во македонското општество, како и да промовира различни начини за спротиставување на говорот на омраза. Кампањата ќе започне да се спроведува онлајн, преку различи канали на интернет и на социјалните мрежи, но и преку традиционалните медиуми, како и преку јавни настани. Оваа кампања ќе вклучи јавни личности, важни институции и клучни активисти за човекови права кои ќе промовираат разноликост и еднаквост во локалните заедници и ширум регионот, преку лични сведоштва, приказни и размена на добри практики.
Настанот е отворен за медиумите. Поради мерките поврзани со пандемијата на КОВИД-19, присуството задолжително треба да биде потврдено и најавено однапред. Заинтересираните претставници на медиумите треба да се најават преку испраќање на мејл до Наташа Божиновска Миркова ([email protected]), не подоцна од 18 декември, 14.00 часот.
Настанот ќе биде пренесуван во живо преку платформата ZOOM (Линк и Passcode 000000) и преку официјалната страница на Фејсбук на Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје . Ќе биде овозможен превод на англиски, македонски и албански јазик.
- Агенда за настанот
- Веб-страницата на кампањата и активностите
- Следете ја кампањата: Facebook; Instagram; Twitter
Кампањата се спроведува во рамки на проектот „Промоција на разноликоста и еднаквоста во Северна Македонија”, кој е дел од заедничката програма на Европската унија и Советот на Европа, Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019-2022".
Контакт за повеќе информации:
Наташа Божиновска Миркова, [email protected], тел: 070206454
Марија Андреева, Програмска канцеларија на Совет на Европа во Скопје, [email protected], тел: 070840559