Работата во оваа област се фокусира на промовирање на слободата на изразување и слобода на медиумите во согласност со европските стандарди. Таа цели правни професионалци (судии, обвинители, адвокати), полициски власти, регулаторни органи за медиуми и владини тела надлежни за законодавството за медиуми и прашања поврзани со новинарството, како и медиумски актери (новинари, здруженија на новинари, саморегулаторни тела, студенти на право и новинарство и други медиумски организации).

Back Судиите го унапредија своето знаење за бесплатна правна помош и пристап до правда во граѓански и управни предмети

Скопје, Северна Македонија 27 ноември 2025
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Судиите го унапредија своето знаење за бесплатна правна помош и пристап до правда во граѓански и управни предмети

Со цел да се унапреди пристапот до правда за граѓаните, група од 15 судии од Северна Македонија го зајакнаа своите познавања за правната рамка за бесплатна правна помош и ги подобрија своите вештини во примената на стандардите за бесплатна правна помош во граѓанските и управните постапки. Поддржана од Европската унија и Советот на Европа, оваа обука се одржа во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители. Покрај судиите, на настанот присуствуваа и шест претставници од Министерството за правда и неговите подрачни одделенија/канцеларии, како и претставници од правните клиники и адвокатите.

Искусен локален консултант на Советот на Европа ја водеше обуката преку комбинација од презентации, студии на случај и групна дискусија заснована на случаи. Учесниците го разгледаа опфатот и клучните принципи на Законот за бесплатна правна помош, критериумите за одобрување на секундарна правна помош и практичните обврски на судовите во постапките за бесплатна правна помош. Посебен акцент беше ставен на примената на теоретските концепти во реални правни ситуации, вклучително и прашања поврзани со трошоци, вештаци и застапување.

Учесниците дискутираа и за водечките пресуди на Европскиот суд за човекови права, како што се Airey против ИрскаKreuz против Полска, и Steel and Morris против Обединетото Кралство, истражувајќи ги нивните импликации за обезбедување ефективен пристап до суд во националната практика.

Активноста придонесе за зајакнување на капацитетите на судиите да го применуваат домашното законодавство и европските стандарди за човекови права, со цел подобар пристап до правда за ранливите групи во Северна Македонија.

Оваа активност беше организирана во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители во рамките на проектот “За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија” кој е дел од заедничката иницијатива на Евроспката Унија и на Совет на Европа, “Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција”.

 

Проект во рамките на тема IV: Слобода на изразување и слобода на медиумите
  • Слобода на изразување и слобода на медиумите во Албанија - JUFREX 2   
  • Слобода на изразување и слобода на медиумите во Босна и Херцеговина- JUFREX 2 
  • Слобода на изразување и слобода на медиумите во Косово*- JUFREX 2 
  • Слобода на изразување и слобода на медиумите во Црна Гора- JUFREX 2 
  • Слобода на изразување и слобода на медиумите во Србија- JUFREX 2 
  • Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија- JUFREX 2 
  • Слобода на изразување и слобода на медиумите во Југоисточна Европа - JUFREX 2

*Оваа ознака не ги прејудицира ставовите за статусот и истата е во согласност со Резолуцијата на ОНСБ 1244 и Мислењето на МСП за Декларацијата за независност на Косово.