Работата во оваа област се фокусира на промовирање на слободата на изразување и слобода на медиумите во согласност со европските стандарди. Таа цели правни професионалци (судии, обвинители, адвокати), полициски власти, регулаторни органи за медиуми и владини тела надлежни за законодавството за медиуми и прашања поврзани со новинарството, како и медиумски актери (новинари, здруженија на новинари, саморегулаторни тела, студенти на право и новинарство и други медиумски организации).

Back Поддршка на локалните чинители во Северна Македонија за унапредување на пристапот до информации од јавен карактер во согласност со европските стандарди и практики

Скопје, Северна Македонија 15 септември 2026
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Поддршка на локалните чинители во Северна Македонија за унапредување на пристапот до информации од јавен карактер во согласност со европските стандарди и практики

Претставници на јавните институции во Северна Македонија ги унапредија своите знаења и практични вештини во областа на пристапот до информации од јавен карактер, во рамки на специјализирана активност за градење капацитети организирана во Скопје, во рамки на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“.

Активноста „Пристап до информации од јавен карактер – европски стандарди и практична примена“ беше организирана во соработка со Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, со цел да придонесе кон поефикасно остварување на правото на пристап до информации од страна на јавните службеници.

Настанот овозможи дискусија за европските стандарди и домашното законодавство што го уредуваат пристапот до информации од јавен карактер, со посебен акцент на нивната практична примена. Учесниците ги разгледаа предизвиците со кои се соочуваат при постапувањето по барањата за пристап до информации и разменија искуства за начините на кои јавните институции можат да обезбедат поголема транспарентност и поефикасен пристап до информации во нивното секојдневно работење.

Посебно внимание беше посветено на принципите што произлегуваат од Конвенцијата на Советот на Европа за пристап до официјални документи (Тромсо Конвенција) и нивното значење за спроведувањето на правната рамка во Северна Македонија. Преку практични примери и дискусии, учесниците разгледаа како европските стандарди можат да им помогнат на јавните институции да воспостават соодветна рамнотежа помеѓу правото на пристап до информации и легитимните ограничувања, истовремено обезбедувајќи сите ограничувања да бидат соодветно толкувани и применувани.

Оваа иницијатива ја спроведува Одделот за соработка во областа на слободата на изразување, во рамки на акцијата „Заштита на слободата на изразување и слободата на медиумите во Северна Македонија“, како дел од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“.

 

 

Проект во рамките на тема IV: Слобода на изразување и слобода на медиумите
  • Слобода на изразување и слобода на медиумите во Албанија - JUFREX 2   
  • Слобода на изразување и слобода на медиумите во Босна и Херцеговина- JUFREX 2 
  • Слобода на изразување и слобода на медиумите во Косово*- JUFREX 2 
  • Слобода на изразување и слобода на медиумите во Црна Гора- JUFREX 2 
  • Слобода на изразување и слобода на медиумите во Србија- JUFREX 2 
  • Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија- JUFREX 2 
  • Слобода на изразување и слобода на медиумите во Југоисточна Европа - JUFREX 2

*Оваа ознака не ги прејудицира ставовите за статусот и истата е во согласност со Резолуцијата на ОНСБ 1244 и Мислењето на МСП за Декларацијата за независност на Косово.