Во зависност од потребите и приоритетите на засегнатите корисници, работата во оваа област се концентрира на поддршка на институциите на народниот правобранител, инклузивно образование (со осврт на расизам, малтретирање, сегрегација и екстремизам во образовниот систем, корупција во образованието), справување со трговијата со луѓе ( со фокус на помош на жртвите на трговија со луѓе), спротивставување на дискриминацијата на националните малцинства и/или кога се заснова на сексуална ориентација или родов идентитет.

Back Завршен настан на кампањата „МОЖНОСТ ИЛИ ЕКСПЛОАТАЦИЈА“ за спречување и борба против трговија со луѓе со цел трудова експлоатација

Завршен настан на кампањата „МОЖНОСТ ИЛИ ЕКСПЛОАТАЦИЈА“ за спречување и борба против трговија со луѓе со цел трудова експлоатација

Иако заврши на 25 ноември, кампањата за подигнување на свеста „Можност или експлоатација“ ќе продолжи да има влијание врз следбениците. НВО Отворена порта и проектот за "Спречување и борба против трговијата со луѓе во Северна Македонија" го одржаа завршниот настан на кој беа презентирани резултатите од 3 месечната кампања чија цел беше да информира за многуте аспекти на трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација и лажните понуди за работа.

Стојне Димишковска од Отворена порта сподели дека објавите на социјалните мрежи и информациите достигнале приближно 100.000 гледачи, додека информативната платформа за трговија со луѓе заради трудова експлоатација имала 16 333 посетители и над 5 000 интерактивни корисници. Интернет-инфлуенсерите пренесоа информации до 11 000 млади луѓе. Четирите видеа дистрибуирани за време на кампањата собраа 700 000 прегледи. Информациите беа споделени и преку националната телевизија и печатените медиуми, бидејќи експертите на Отворена порта даваа интервјуа за ризиците од трговија со луѓе со цел трудова експлоатација и начините како да се заштитиме од тоа да станеме жртва на ова злосторство.

Ана Бурагева, секретар на Националната комисија против трговијата со луѓе, потсети на работата на Комисијата и нејзиниот нов стратешки документ од областа на спречување и борба против трговијата со луѓе заради трудова експлоатација и го посочи Советот на Европа меѓу првите актери кои почнаа со спроведување на мултидисциплинарни обуки за откривање и идентификување на можни жртви.

Јасмина Рајковска, директор на Отворена порта, ја спомена КОВИД-19 кризата како фактор што ја зголемува ранливоста на младите луѓе од трговијата со луѓе. Врз основа на собраните податоци од нивните активности, таа заклучи дека активностите за подигање на јавната свест треба да продолжат и да бидат насочени кон средношколците кои немаат информации за опасностите од ова злосторство.

Завршниот настан собра 30 учесници од Националната комисија за борба против трговија со луѓе, од граѓанското општество, Државниот инспекторат за труд, Канцеларијата на народниот правобранител и меѓународните организации .

Проектот за „Спречување и борба против трговија со луѓе во Северна Македонија" се спроведува во рамките на заедничката програма на Европската унија / Советот на Европа "Хоризонтални инструмент за Западен Балкан и Турција, 2019-2022".

Скопје 26 ноември 2020
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
Проекти под тема 3: Промовирање на антидискриминација и заштита на правата на ранливите групи