Во зависност од потребите и приоритетите на засегнатите корисници, работата во оваа област се концентрира на поддршка на институциите на народниот правобранител, инклузивно образование (со осврт на расизам, малтретирање, сегрегација и екстремизам во образовниот систем, корупција во образованието), справување со трговијата со луѓе ( со фокус на помош на жртвите на трговија со луѓе), спротивставување на дискриминацијата на националните малцинства и/или кога се заснова на сексуална ориентација или родов идентитет.

Back Зацврстувањето на соработката со чинителите е клуч за успешна борба против дискриминација и говор на омраза во Северна Македонија

СКОПЈЕ 14 МАЈ 2024
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Зацврстувањето на соработката со чинителите е клуч за успешна борба против дискриминација и говор на омраза во Северна Македонија

Спроведувањето на европските стандарди и силната соработка меѓу сите засегнати страни е клучот за успешна борба против дискриминацијата и говорот на омраза. Ова беше главната порака од третиот состанок на Управниот одбор на проектот „Борба против омразата и нетолеранција во Северна Македонија“ која ги собра корисниците и партнерите да разговараат за моменталната ситуација во Северна Македонија кога станува збор за дискриминација и говор на омраза и да ги споделат досегашните резултати и достигнувања.

Претставниции од релевантните институции, партнерите од Делегацијата на ЕУ во Скопје, како и претставници на граѓански организации кои работат на антидискриминација и борба против говорот на омраза разговараа за некои од резултатите, како што е градењето на капацитетите на адвокатите и правниците преку HELP курсот за борба против говорот на омраза и криминалот од омраза, како и зацврстување на капацитетите на фацилитаторите на РОМАКТЕД во однос на борба против говор на омраза и врсничко насилство, како и пристап до здравствени и социјални услуги за Ромите и Ромките, како дел од соработката со заедничката програма на ЕУ и Совет на Европа, „РОМАКТЕД II”. Учесниците дискутираа и за преводот на Препораката за општи политики бр.17 на Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата на македонски јазик,

Проектот  „Борба против омразата и нетолеранција во Северна Македонија“ е дел од „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција III“, заедничка програма на Европската Унија и Советот на Европа, кој има за цел да ги поддржи напорите на институциите да развијат хармонизиран институционален пристап за борба против дискриминација и говор на омраза.

 

 

Проекти под тема 3: Промовирање на антидискриминација и заштита на правата на ранливите групи