Back Поддршка на инклузивно образование, борба против говорот на омраза и обезбедување подобрени здравствени и социјални услуги за ромската заедница во Северна Македонија

СКОПЈЕ 16 ФЕВРУАРИ 2024
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Поддршка на инклузивно образование, борба против говорот на омраза и обезбедување подобрени здравствени и социјални услуги за ромската заедница во Северна Македонија

Во Скопје беше организирана работилница за фацилитатори во заедниците од 15 општини во Северна Македонија, со цел да се зголемат нивните вештини и капацитети при нивната секојдневна работа со ранливите заедници.

Оваа иницијатива поддржана од ЕУ и Советот на Европа пренесе вредни информации и знаења за достапните бесплатни здравствени услуги за жените Ромки и разновидни социјални услуги. За време на активноста беа споделени важни информации за новите законски измени за лицата без документи и како да се обезбеди поинклузивно образование за сите, преку промовирање на еднаквоста и борбата против говорот на омраза.

По стекнатото знаење, ќе се одржат информативни сесии со ромските заедници на различни локации со цел да им се помогне во процесот на остварување на нивните права. Во насока на ова, учесниците имаа можност да научат повеќе и да ги зајакнат своите капацитети во однос на работата со родителите во локалните заедници, како и да добијат совети и вредни вештини кои треба да се искористат за да се обезбеди поинклузивно образование и борба против говорот на омраза и врсничко насилство.

Работилницата беше организирана во рамките на програмата ROMACTED фаза II и организацијата за поддршка „РОМАЛИТИКО“, во соработка со програмата „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“ и проектот „Борба против омраза и нетолеранција во Северна Македонија“ , финансирани од ЕУ и Советот на Европа. Оваа работилница ја поддржаа и Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, ХЕРА, УНХЦР, Ромскиот образовен фонд и Македонското здружение на млади правници.