This session of the website features inspiring narratives, human stories and success examples, that demonstrate positive change  and improvement in the lives of individuals, local communities, and society as a whole.

Back Патот кон правдата: Бесплатната правна помош носи надеж за еднаков пристап до правда за сите во Северна Македонија

Северна Македонија 20 април 2026
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Arkin Jahiji, State Advisor for Free Legal Aid and NCB Coordinator

Arkin Jahiji, State Advisor for Free Legal Aid and NCB Coordinator

Еднаквиот пристап до правда е темел на праведно и инклузивно општество, како што е утврдено во Европската конвенција за човекови права (Европската конвенција), која гарантира пристап до правна помош за секој што не може да си ја дозволи. Во Северна Македонија, Европската Унија и Советот на Европа со години ја поддржуваат консолидацијата на услугите за бесплатна правна помош (БПП), стигнувајќи до ранливи групи како што се жени, деца, лица со попреченост, Роми и жртви на семејно насилство. Благодарение на координацијата со државните институции, граѓанското општество и правните клиники, системот за БПП се проширува и им помага на повеќе луѓе од кога било досега.

Со континуирана поддршка од Советот на Европа, под водство на Министерството за правда и со вклученост на граѓанското општество и другите домашни чинители, системот за бесплатна правна помош во Северна Македонија е посилен и поефикасен. Во 2024 година, примарна правна помош беше обезбедена во 5.030 случаи - значително зголемување од над 1.580% во споредба со 2019 година. Барањата за секундарна правна помош исто така речиси се удвоија. Овие резултати покажуваат дека теренската работа и подобрената координација го прават пристапот до правда подостапен за оние на кои им е најпотребен.

Националните и локалните координативни тела: столбови на соработката

Клучни за овој напредок се Националното координативно тело (НКТ) и новите Локални координативни тела (ЛКТ), создадени со поддршка од Европската Унија и Советот на Европа. Овие тела ја подобрија комуникацијата и партнерствата меѓу сите чинители вклучени во бесплатната правна помош. НКТ одржува редовни состаноци, споделува информации и развива практични решенија за потребите на граѓаните.

Аркин Јахији, државен советник за бесплатна правна помош и координатор на НКТ, објасни дека: „Редовната соработка ни помага да развиваме решенија што одговараат на реалните потреби на луѓето“, нагласувајќи дека отворениот дијалог резултирал со подобри политики и активности за пристап до правда.

Подрачните канцеларии на Министерството за правда имаат голема корист од НКТ, кое го зајакнува системот за бесплатна правна помош. „Преку размена на искуства и најдобри практики, засегнатите страни се поспособни да ги идентификуваат предизвиците и ефикасно да се справат со нив“, изјави Јованка Камчева од Подрачната канцеларија во Неготино.

Следејќи го моделот на НКТ, Локалните координативни тела, како она во Куманово, ја поддржуваат бесплатната правна помош на локално ниво. „Од неговото формирање во 2023 година, Локалното координативно тело во Куманово одржа неколку состаноци, што резултираше со важни активности договорени меѓу засегнатите страни“, изјави Фросина Стевановиќ, раководителка на Подрачната канцеларија на Министерството за правда во Куманово. Таа нагласи дека овие периодични состаноци обезбедуваат рационално користење на ресурсите за правна помош и навремена поддршка за граѓаните.

Организациите на граѓанското општество и правните клиники исто така се потпираат на работата на НКТ за да ја следат и унапредуваат правната помош, да разменуваат добри практики и да ги идентификуваат слабостите во системот. „Постоењето на НКТ придонесува за зајакнување на владеењето на правото и довербата во институциите, бидејќи овозможува поорганизиран, транспарентен и координиран пристап кон правната заштита“, истакна Милица Шутова, раководителка на Правната клиника при Правниот факултет во Штип и член на НКТ.

Мобилни тимови: донесување помош директно до граѓаните

Иако подобрената координација го направи системот поефикасен, проширувањето на пристапот исто така значи подигнување на свеста, за граѓаните да ги знаат своите права и достапните услуги. За да се постигне ова, Европската Унија и Советот на Европа поддржаа повеќе иницијативи за подигнување на свеста (вклучително и 33 микро-промоции во различни градови и рурални средини) заедно со Министерството за правда, организациите на граѓанското општество и други партнери на терен. Овие активности не само што допираат до локалните и ранливите заедници, туку и ги приближуваат услугите до оние на кои им се најпотребни, обезбедувајќи придобивките од бесплатната правна помош да стигнат до секој агол на Северна Македонија.

Од минатата година, три мобилни тима - составени од претставници на организации на граѓанското општество и студенти по право од правните клиники - обезбедуваат примарна правна помош во канцелариите на Управата за матична евиденција во Скопје, Битола и Штип. Во текот на ноември и декември 2025 година, 496 лица добиле примарна правна помош од овие тимови. „Оваа иницијатива покажа дека кога правната помош се приближува до граѓаните, пристапот до правда се подобрува, а нивната свест и доверба во институциите се зголемуваат“, изјави Ирена Туфекџиева, претставничка на Младинскиот културен центар – Битола и член на мобилниот тим во Битола.

За Милица Шутова, раководителка на Правната клиника при Правниот факултет во Штип, обезбедувањето примарна правна помош во канцелариите на Управата за матична евиденција претставува значаен чекор кон подобрување на пристапот до правда и правната сигурност за граѓаните. „Оваа иницијатива е од големо значење за правните клиники и за системот на бесплатна правна помош во целина, бидејќи ги зајакнува правните услуги, особено за ранливите групи, и помага во надминување на правните предизвици“, истакна таа.

Мобилниот тим во Скопје исто така е многу активен во обезбедувањето бесплатна правна помош и информативни материјали за граѓаните. Александра Ефремова и Андријана Марковска, претставнички на Македонското здружение на млади правници и членки на тимот, споделија примери за тоа како им помогнале на граѓаните на лице место да ги надминат правните бариери: да започнат постапки за регистрација на раѓање на деца, да помогнат при измени во матичните книги на родени и да обезбедат лични документи за граѓаните и нивните малолетни деца. „Оваа иницијатива е многу корисна, особено за ранливите групи и сметам дека истата треба да продолжи и во иднина“, изјави Ефремова.

Партнерства што ја прават правдата подостапна

Во рамките на програмата Horizontal Facility, Европската Унија и Советот на Европа градат силни партнерства меѓу државните институции, организациите на граѓанското општество и правните клиники, така што сè повеќе луѓе во Северна Македонија добиваат практична правна помош - совети, документи и поддршка за секојдневни правни прашања. Координативните тела и мобилните тимови придонесоа правните услуги да станат подостапни, поефикасни и поодговорни, со што се адресираат клучни препораки и насоки на Советот на Европа. Соработката останува клучна за градење праведно и инклузивно општество за сите.

 

 

 

*Оваа ознака не ги прејудицира ставовите за статусот и истата е во согласност со Резолуцијата на ОНСБ 1244 и Мислењето на МСП за Декларацијата за независност на Косово.

Beneficiary
Albania
Bosnia and Herzegovina
Kosovo*
Montenegro
North Macedonia
Regional
Serbia
Türkiye
Topic
Anti-Discrimination
Fighting Corruption
Freedom of Expression
Justice
Reset Filter


Co-operation with 
Young European Ambassadors

 ДОБИВАЈТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ИНФОРМАЦИИ

Пријавете се на нашиот билтен