Работата во оваа тематска област се фокусира на затворите и полицијата (вклучувајќи ги и човековите права во полицијата, здравствената заштита во затворите и заштитните мерки против тортура и малтретирање), стандардите за човекови права во судството (фокусирајќи се на подобрување на примената на судската пракса на Европскиот суд за човекови права), миграциските прашања, ефикасноста на правосудните системи (со фокус на анализа на судската статистика за оптимизирање на судските администрации) и/или правна соработка (која се концентрира на зголемување на индивидуалната независност на судиите и обвинителите и одговорноста на правосуден систем).

Back Зајакнување на правните клиники и на граѓанските здруженија со цел унапредување на системот бесплатна правна помош во Северна Македонија

ШТИП, СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 15-19 АПРИЛ 2024 Г.
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Зајакнување на правните клиники и на граѓанските здруженија со цел унапредување на системот бесплатна правна помош во Северна Македонија

Правните клиники и граѓанските здруженија (ГЗ) овластени за давање  примарна правна помош се од суштинска важност за осигурување на пристап до правдата и за ефективна примена на заштитата на човековите права во согласност со европските стандарди.

Околу 25 учесници учествуваа во петдневната обука за обучувачи за „Обезбедување на бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија‟ посветена на претставници од правни клиники и ГЗ овластени за давање  на услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија. Со поддршка на заедничката програма на Европската унија и на Советот на Европа, „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција‟ и во тесна соработка со Правната клиника на Правниот факултет во Штип, учесниците ги зајакнаа нивните капацитети со соодветни познавања и алатки кои им се потребни за да станат обучувачи во областа на бесплатната правна помош во иднина. 

Во своето воведно обраќање, Олег Солдатов, раководител на Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје, ја нагласи важноста од подготвување на идни ментори кои ќе даваат поддршка на целокупниот систем за бесплатна правна помош во Северна Македонија и нивната улога на двигатели на промените кон подобра примена на Законот за бесплатна правна помош и кон заштита на правата на граѓаните. 

Преку оваа обука, учесниците ги зајакнаа нивните вештини за презентирање и комуницирање преку практични вежби и преку симулација на сесии за обука на различни теми поврзани со бесплатната правна помош. Опремени со новооткриени познавања и техники, од нив се очекува во иднина да спроведуваат активности за градење на капацитетите на студентите и на претставниците на ГЗ.  

Мариа Маринова Алкалај беше водечката консултантка за делот од обуката посветен на учење на возрасни, додека пак правните аспекти од обуката беа покриени од локалните консултанти Маја Атанасова, Гоце Коцевски и Елена Георгиевска. Три претставнички од подрачните одделенија на Министерството за правда и тројца адвокати активно учествуваа и дадоа важен придонес за обуката.

Обуката беше организирана од проектот „За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија” кој е дел од заедничката програма на Европска унија и Совет на Европа,  „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција‟.

 

 

Проекти под тема 1: Зајакнување на правдата

*Оваа ознака не ги прејудицира ставовите за статусот и истата е во согласност со Резолуцијата на ОНСБ 1244 и Мислењето на МСП за Декларацијата за независност на Косово.