Европските стандарди за слободата на изразување може да бидат поефикасно имплементирани преку соодветни обуки за локалните чинители како што се судиите/јките, обвинителите/ките, адвокатите/ките, полициските службеници/чки, но и студентите/ките кои понатаму би можеле да ги применуваат овие стандарди во нивната тековна или идна работа. Сѐ ова придонесува кон создавање поволно опкружување за примена на слободата на изразување и слободата на медиумите на локално ниво.
Обуката за обучувач(к)и за ХЕЛП методологија за онлајн курсевите: “Слобода на изразување” and “Заштита и безбедност на новинар(к)ите“ беше организирана на 15-16 декември 2020 година, со што се промовираа курсевите кои беа заеднички подготвени од страна на ХЕЛП програмата на Советот на Европа (ХЕЛП - Едукација за човекови права за правните професионалци) и заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Југоисточна Европа (ЈУФРЕКС)“. Курсевите се базираат на интерактивни методи на учење, и се бесплатни и лесно достапни за сите заинтересирани. Тие се одлична алатка за дополнување на традиционалните материјали за едукација кои се користат во правната и други едукации.
Обуката за обучувач(к)и има за цел да ги опреми учесниците/чките, идните ХЕЛП тутори, со технички вештини кои им се потребни за да спроведуваат ХЕЛП курсеви како тутори на локално ниво, а преку ХЕЛП онлајн платформата и во согласност со ХЕЛП методологијата за обука.
Обуката на која учествуваа претставници/чки од правните факултети и факултетите за политички науки, како и адвокати/ки од регионот беше организирана во рамки на ЈУФРЕКС, заедно со ХЕЛП Секретаријатот и Мрежата на правни факултети на Југоисточна Европа (South East European Law School Network (SEELS)), мрежа посветена на зајакнување на конкурентноста во меѓународни рамки но и правната едукација, истражувањето и објавувањето во Југоисточна Европа.
ЈУФРЕКС и ХЕЛП во Западен Балкан се дел од „Хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и Турција 2019-2022“, заедничка иницијатива на Европската Унија и Советот на Европа, која има за цел да им помогне на корисниците од Западен Балкан и Турција во усогласувањето со стандардите на Советот на Европа и правната рамка на Европската Унија во насока на процесот на проширување, онаму каде што е тоа применливо.