Back Поддржување на ресоцијализацијата и рехабилитацијата на осудените лица во Северна Македонија: ЕУ и Советот на Европа им помагаат на затворските установи

Скопје, Северна Македонија 22 мај 2026
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Поддржување на ресоцијализацијата и рехабилитацијата на осудените лица во Северна Македонија: ЕУ и Советот на Европа им помагаат на затворските установи

Службениците за ресоцијализација се дел од системите на казнено право, затворите и центрите за рехабилитација, кои помагаат во реинтеграцијата на осудените лица во општеството. Нивната главна цел е да им се помогне на овие лица во адаптирање кон социјалните норми, градењето на нови способности, како и надминување на одликите или однесувањата кои придонеле во кривичните дела. Вкупно 21 службеници надлежни за ресоцијализација во осум казнено-поправни установи во Северна Македонија го обновија своето знаење за програмите за третман, кои во минатото биле изготвени со поддршка на Советот на Европа.

Имајќи предвид дека многу од вработените неодамна се приклучија кон затворските тимови, како и динамичните потреби на службениците за ресоцијализација, оваа иницијатива се фокусираше на обновување и проширување на знаењата. Оваа сесија за градење капацитети истакна неколку важни програми за третман, кои беа изготвени во текот на изминатата деценија. Тие ја вклучуваат општата програма за когнитивен третман, програмата за насилни осудени лица, како и програмата прилагодена за осудените лица со долги казни.

Овие програми се клучни за да им се помогне на осудените лица да се реинтегрираат во општеството, односно главната цел на затворската казна. Меѓу учесниците имаше искусни службеници и вработени кои од неодамна се дел од оваа служба, со што се обезбедува поширока перспектива за збогатување на важната поддршка за осудените лица, преку програмите кои го испитуваат нивните ставови и подготвеноста за напредување.

Оваа активност беше спроведена во рамки на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција, односно проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем во Северна Македонија”.