Back Борбата против трговијата со луѓе олеснета преку онлајн технологии во Северна Македонија

Скопје, Северна Македонија 12 мај 2026
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Борбата против трговијата со луѓе олеснета преку онлајн технологии во Северна Македонија

Новите технологии, вклучувајќи ја и вештачката интелигенција, поттикнуваат глобален пораст на жртвите на трговија со луѓе. Често децата се цел на онлајн предатори, кои ги користат овие технологии за да заработат пари и да стекнат придобивки преку онлајн сексуална експлоатација на деца. Северна Македонија не е исклучок, каде веќе има случаи на деца регрутирани и експлоатирани онлајн од страна на трговците со луѓе.
Препознавајќи ги ризиците од онлајн злоупотреба од страна на трговците со луѓе, акцијата за „Зајакнување на активностите против трговија со луѓе во Северна Македонија“ организираше обука за информациско-компјутерска технологија (ИКТ) и кривичното дело трговија со луѓе. Повеќе од дваесет полициски инспектори, обвинители, социјални работници, адвокати и претставници на граѓански организации се запознаа со онлајн истраги, дигитални докази и злоупотреба на вештачката интелигенција поврзана со кривичното дело трговија со луѓе. Професионалците за борбата против трговијата со луѓе беа запознаени со различни техники на дигитална форензика, ефикасно ракување со дигитални докази и потребата од подобрена меѓу-агенциска соработка за зајакнување на институционалниот одговор кон трговија со луѓе.

Препознавање на раните знаци на злоупотреба, разбирање на онлајн грумингот и сексуалната изнуда, особено како функционираат кога жртвата е дете, се клучни за ефикасна превенција и борба против трговијата со деца.“, истакна Кире БАБАНОСКИдоцент на Факултетот за безбедност. „Сторителите ги користат игрите, социјалните мрежи и дарк веб за регрутирање на жртви и постигнување на својата цел – експлоатација за личен материјален интерес.“, објасни тој.

Учесниците ги истражуваа предизвиците и одговорноста во справувањето со жртвите на трговија со луѓе кои биле злоупотребени онлајн. Покрај тоа, тие се запознаа со ИКТ алатки кои можат да се користат за откривање на криминалот и фаќање на сторителите. Преку ефективни техники за учење на возрасни, професионалците во борбата против трговија со луѓе стекнаа практични вештини за истражување на онлајн случаи на трговија со луѓе. Тие исто така разменија идеи за ширење на меѓу-агенциска соработка, процес кој е олеснет од Министерството за дигитална трансформација во напорите за борбата против онлајн злоупотребите во Северна Македонија.

Овој настан за градење на капацитетите беше организиран во рамки на акцијата „Зајакнување на активностите против трговија со луѓе во Северна Македонија“ која е дел од заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа „Хоризонтален механизам за Западен Балкан и Турција“.

 

​​​​​​​