Back Кон културна промена во спречувањето на трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација во Македонија

Северна Македонија 16 јуни 2025
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Кон културна промена во спречувањето на трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација во Македонија

Помеѓу 2019 и 2024 година, во Македонија биле идентификувани 46 жртви на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација, претежно возрасни мажи. [1] Како што се дознава, многу од жртвите на трудовата експлоатација остануваат незабележани, бидејќи постои недостаток на општо разбирање на концептот на присилна работа, не само од страна на јавноста, туку и од приватниот сектор и работниците.

За да се подигне свеста за последиците од користењето на услугите на жртвите на трговијата со луѓе за трудова експлоатација, и да се постигне културна промена за да се стави крај на неказнетоста, организацијата од граѓанското општество "Бизнис конфедерацијата на Северна Македонија" успешно ја заврши иницијативата за подигање на јавната свест насловена "Можеби и вие сте вклучени во трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација". Иницијативата ги информираше и ги изгради капацитетите на приватниот сектор, синдикатите и институциите за борба против трговијата со луѓе, за тоа како да се идентификуваат случаите на присилна работа, како и каде да се пријавуваат, како и да се разоткријат ранливостите на работниците во областите како што се градежништвото, угостителството и земјоделството.

"Секој може да стане жртва на трговијата со луѓе. Затоа, треба да преземеме итна и координирана акција за откривање, идентификување и помагање на жртвите на трговијата со луѓе, како и да покажеме претпазливост за да избегнеме користење на нивните услуги, што е казниво со закон.", потврди Миле Бошков, извршниот претседател на Бизнис конфедерацијата на Северна Македонија за време на една од работилниците на кои присуствуваа претставници на приватниот сектор, работничките синдикати и Националната комисија за борба против трговијата со луѓе. 

Бизнис конфедерацијата на Северна Македонија имплементираше различни активности за подигање на свеста во периодот од октомври 2024 до мај 2025 година, вклучувајќи и целосно посветена веб страница за присилната работа и работилниците. Иницијативата достигна до над 150.000 лица преку социјалните медиуми, додека повеќе од 179 претставници од приватниот сектор, синдикатите, инспекторатот за труд, Министерството за внатрешни работи, социјални работници и студенти по право присуствуваа на работилниците. Новината на оваа иницијатива за подигање на свеста беше приспособување на информации и образовни материјали за трговијата со луѓе за трудова експлоатација. Истите беа подготвени во форма на водичи за различни индустрии каде што постои растечки ризик од присилна работа. Покрај тоа, 600 летоци и 30 постери за предупредување на приватниот сектор, работниците и локалните заедници за опасностите од трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација, беа споделени со локалните партнери и засегнати страни, и поставени на општинските згради.
Сите главни материјали на иницијативата се достапни на Можеби и вие сте вклучени во трудовата експлоатација - Хоризонтален инструмент

Во текот на период од повеќе од 6 месеци, оваа иницијатива за подигање на јавната свест промовираше културна промена во Македонија, охрабрувајќи ги приватните претпријатија, синдикатите, институциите и поединците да преземат одговорност за спречување на трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација. Таа имаше за цел да ги поттикне приватниот сектор и синдикатите да изберат проактивен пристап во идентификувањето и пријавувањето на случаите на трговија со луѓе за трудова експлоатација, како и во помагањето на жртвите на ова кривично дело. Оваа иницијатива претставува клучна пресвртница кон поефикасна и вешта превенција на трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација во Северна Македонија.

Оваа иницијатива беше спроведена со поддршка на проектот "Зајакнување на активностите против трговијата со луѓе во Северна Македонија", во рамките на заедничката програма на Европската унија и Советот на Европа "Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција". 

 

 

 

 


[1] Извештаи на Националната комисија за борба против трговијата со луѓе (2019-2024)