Back Зголемена свеста на судиите, обвинителите како и другите чинители во Северна Македонија за Член 3 од Европската конвенција за човекови права и за Надворешниот механизам за контрола

Охрид, Северна Македонија 28-29 јануари 2026
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Зголемена свеста на судиите, обвинителите како и другите чинители во Северна Македонија за Член 3 од Европската конвенција за човекови права и за Надворешниот механизам за контрола

Шеснаесет судии, виши обвинители, истражители, советници и обучувачи на Академијата за судии и јавни обвинители учествуваа на работилницата за подигнување на свеста за Член 3 од Европската конвенција за човекови права, како и за Надворешниот механизам за контрола. Дводневната сесија (28-29 јануари 2026 во Охрид) беше организирана како резултат на блиската соработка меѓу Одделот на Советот на Европа за извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права, Академијата за судии и јавни обвинители во Скопје, како и Владиниот агент на Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП).

Дискусијата се фокусираше на правната рамка, стандардите на Советот на Европа, позитивните обврски на државата за ефективна истрага – со посебен осврт на судската пракса на ЕСЧП за Северна Македонија. На работилницата се разгледуваа и предметите кои ЕСЧП ги комуницирал со надлежните власти, подвлекувајќи ја важноста на ефективните истраги во заштита на Член 3 од Конвенцијата. Овие предмети го сочинуваат најголемиот број случаи со утврдена повреда од страна на ЕСЧП, а за дел од нив се известува и до Комитетот на министрите во рамките на механизмот за известување.

Со оглед на десетгодишното постоење на Надворешниот механизам за контрола, со учесниците се дискутираше за неговите резултати и предизвици, забележувајќи ги достигнувањата и потребните интервенции кои би обезбедиле ефективна заштита на човековите права.

Надворешниот механизам за контрола беше основан и поддржан од Европската Унија и Советот на Европа, како механизам кој ги адресира случаите каде лицата со полициско овластувања, при извршување на службена задача или надвор од службата, со употреба на сила, средства за присилба или сериозна закана сториле кривично дело при што настапила смрт, тешка телесна повреда, телесна повреда или противправно лишување од слобода, мачење и друго сурово нечовечко или понижувачко постапување.

Оваа активност беше спроведена во рамки на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција, односно проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем во Северна Македонија”.