Back Промовирање етичко и родово чувствително известување за случаи на трговија со луѓе во Северна Македонија

Скопје, Северна Македонија 16 декември 2025
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Промовирање етичко и родово чувствително известување за случаи на трговија со луѓе во Северна Македонија

Новинари и офицери за комуникации од Северна Македонија ги усовршија своите вештини за етичко и родово чувствително известување за случаи на трговија со луѓе, за време на обуката за градење капацитети, која што беше организирана од проект на Европската унија и Советот на Европа. Обуката, одржана во соработка со Здружението на новинари и Меѓународниот центар за развој на миграциска политика (ICMPD), имаше за цел да ги опреми медиумските професионалци со практични алатки за одговорно известување, заштита на личните податоци и приватноста на жртвите.

Северна Македонија ја ратификуваше Конвенцијата на Советот на Европа за акција против трговијата со луѓе во 2009 година, обврзувајќи се на заштита на жртвите на трговијата со луѓе. Сепак, известувањето за случаи на трговија со луѓе останува сложено, барајќи внимателно балансирање на правото на јавноста на информации со приватноста и личните податоци на жртвите, како и пристап ориентиран кон жртвите при пријавување на такви случаи. За време на обуката учесниците ги истражуваа предизвиците и одговорностите при известување и информирање на случаи на трговија со луѓе.

Маријана МАРУШИЌ-КОС, консултантка на Советот на Европа, ја нагласи важноста од заштита на приватноста на жртвите. "Неоткривањето на личните податоци на жртвата го надминува јавниот интерес. Известувањето без сензационализам, без фотографии, без сцени на страдање и без препознатливи информации за жртвата значи почитување на етичките вредности и заштита на жртвата од повторна трауматизација", рече МАРУШИЌ-КОС.

Активноста им овозможи на новинарите и комуникациските службеници подобро да ја разберат перспективата на жртвите во случаи на трговија со луѓе, да ги зајакнат нивните етички и родово чувствителни вештини за известување и да го подобрат разбирањето за заштита на личните податоци и приватноста на жртвите. Бидејќи мултидисциплинарниот пристап е клучен за успешна превенција и борба против трговијата со луѓе, обуката исто така промовираше дијалог, соработка и мрежно поврзување меѓу институциите и медиумските актери при известување за случаи на трговија со луѓе и родово-базирано насилство.

Оваа иницијатива беше организирана во рамките на акции "Зајакнување на акцијата против трговијата со луѓе во Северна МакедонијаЗајакнување на акцијата против трговијата со луѓе во Северна Македонија" и "Заштита на слободата на изразување и медиуми во Северна Македонија (PRO-FREX) " кои се дел од заедничката програма на Европската унија и Советот на Европа"Хоризонтален објект за Западен Балкан и Турција”.