Back Северна Македонија иницира воведување на телемедицина во здравствената заштита во пенитенцијарните установи

Северна Македонија 26 февруари 2026 Струмица, Северна Македонија
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Северна Македонија иницира воведување на телемедицина во здравствената заштита во пенитенцијарните установи

На барање на Министерството за здравство на Северна Македонија, Советот на Европа го заврши првото оценување за воведување на телемедицина во здравствената заштита во пенитенцијарните установи.

Заклучоците од оценувачкиот извештај кој беше поддржан од ЕУ и Советот на Европа, беа дискутирани со јавните чинители на тркалезна маса во Скопје, вклучувајќи ги претставниците на Министерството за здравство и Управата за е-Здравствo, Управата за извршување на санкции, Агенцијата за заштита на личните податоци, како и здравствените домови Скопје и Штип.

Анализата и оценувањето на терен покажува дека постојат основни предуслови за воведување на телемедицина во амбулантите на пенитенцијарниот систем. Оценувајќи ги тековните потреби, законската рамка, како и сеопштата подготвеност на земјата за воведување на дигитално здравство и телемедицина, Советот на Европа ги идентификуваше главните предности и слабости, заедно со можностите и заканите. Со клучните чинители беа споделени главните препораки за правната и институционална рамка, како и административниот процес.  

Учесниците истакнаа дека тековната политичка поддршка мора да биде дополнета со потребните измени на правната и стратешката рамка, подвлекувајќи ја важноста на основањето на централна единица надлежна за координирање на здравствената заштита во затворите. Советот на Европа е подготвен да ги поддржи надлежните институции во овој процес.

Во изминатите пет години, ЕУ и Советот на Европа ја поддржуваат здравствената заштита во пенитенцијарните установи на Северна Македонија, преку градење капацитети и поставување на стандарди, како и обезбедување на опрема за затворските амбуланти.

Оваа активност беше спроведена во рамки на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција, односно проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем во Северна Македонија”.