Публикацијата „Регулаторните тела за медиуми и медиумскиот плурализам“ е резултат од соработката помеѓу регулаторните тела за медиуми од Западен Балкан. Публикацијата има за цел да придонесе кон пошироко разбирање на концептот на медиумски плурализам, неговата институционална и политичка важност и фундаменталната улога на регулаторните тела за медиуми во таа смисла. Се анализира прашањето на медиумскиот плурализам низ призмата на европските стандарди, правни и институционални рамки, постојна пракса и предложени мерки кон зајакнување на разновидноста.
Публикацијата ќе служи како основа за многу понатамошни активности не само на регулаторните тела за медиуми, туки и за други релевантни чинители, ќе придонесе кон соодветна примена на европските стандарди и најдобрите пракси, водејќи до подобрување на медиумскиот сектор во регионот.
Ова е трета публикација изработена во рамки на заедничките проекти на Европската Унија и Советот на Европа со регулаторните тела за медиуми во регионот, по претходните две на тема говор на омраза (2017) и заштита на малолетници/чки (2019).
Оваа публикација е изработена во рамки на регионалниот проект на тема „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Југоисточна Европа (ЈУФРЕКС)“, имплементиран како дел од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019-2022“.


