Back Клучни постигнувања и предизвици на Надворешниот механизам за контрола Механизмот во Северна Македонија

Клучни постигнувања и предизвици на Надворешниот механизам за контрола Механизмот во Северна Македонија

Воспоставен во 2018 година со поддршка на Советот на Европа (СЕ) и Европската унија, Надворешниот механизам за контрола во Северна Македонија (НМК) ги поддржува и штити жртвите на повреда на човековите права, сторени од лица со полициски овластувања или од затворската полиција, преку обезбедување на ефективна истрага во сите такви тврдења.

 

Две години по формирањето на овој механизам, дваесет чинители и корисници на национално ниво се состанаа и разговараа за главните достигнувања и практичните предизвици на функционирањето на НМК, на онлајн настан организиран во вид на Тркалезната маса на 28 април 2021 година. На настанот учествуваа раководители на единиците на НМК од канцеларијата на јавниот обвинител (ОЈО) и на Народниот правобранител, претставници на граѓанските организации (ГО) кои се дел од механизмот, како и Министерството за внатрешни работи (Одделението за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди). Дискусијата беше водена од консултант на СЕ и подржана од страна и на универзитетски професори, судии и високи полициски службеници од апелациониот регион на Битола.

 

Беше заклучено дека има видлив напредок во справувањето со појавите на полициско малтретирање и неказнивоста во Република Северна Македонија, но сепак остануваат одредени предизвици и недостатоци кои треба да се адресират. Особено важно е сите избрани членови на ГО да бидат де факто целосно интегрирани во НМК, истовремено, потребно е да се ангажираат поголем број на истражители кои ќе ја поддржат работата на специјализираното одделение во рамките на ОЈО. Советот на Европа е подготвен да ја продолжи поддршката на овој механизам преку обезбедување на напредна обука за вклучениот кадар, развој на протокол за ефективна комуникација и обезбедување на соодветна експертиза за постојните недостатоци во законодавството. Во рамките на проектот, во сите затвори и полициски станици во земјата беа дистрибуирани и материјали за подигање на свеста за надлежностите на НМК.

 

Оваа активност беше организирана како комбиниран настан во рамките на проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во Северна Македонија”, кофинансиран од Европската унија и Советот на Европа во рамките на „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019 - 2022” и имплементиран од страна на Советот на Европа.

 

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 28 АПРИЛ 2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page