Холандија ('с-Хертогенбош и Хаг) / Професионалци и креатори на политики од областа на бесплатната правната помош од Северна Македонија присуствуваа на тридневна студиска посета на Холандија, при што добија директни сознанија од еден од најнапредните системи за правна помош во светот. Посетата е дел од тековните напори на ЕУ и Советот на Европа за зајакнување на пристапот до правда во согласност со Европските стандарди.
Претставници од Министерството за правда, Адвокатската комора, правните клиники, граѓанските организации, судството и академијата остварија интензивни дискусии со нивните холандски колеги за размена на најдобри практики во управувањето со системот на бесплатна правна помош, финансирањето и улогата на клучните чинители, вклучувајќи ги правните клиники и организации на граѓанското општество. Добиените сознанија од посетата ќе придонесат за понатамошно зајакнување на системот за бесплатна правна помош во Северна Македонија преку примена на најдобрите практики од холандското искуство, со цел обезбедување пристап до правда за сите граѓани.
Холандија е светски призната по својот сеопфатен систем за бесплатна правна помош, кој овозможува еднаков пристап до правда, особено за ранливите и маргинализираните лица. Посетата вклучуваше серија состаноци со клучните холандски институции, вклучувајќи го Телото за бесплатна правна помош на Холандија (Raad voor Rechtsbijstand), Министерството за правда и безбедност и Адвокатската комора. Дискусиите опфатија теми поврзани со управувањето со системот на бесплатната правна помош, механизмите за финансирање и улогата на различните чинители во обезбедувањето на еднаков пристап до правда.
Други важни моменти од посетата беа деталните сесии за начинот на обезбедување правна помош на ранливите групи, системот на дежурни адвокати, услугите за поддршка на жртвите и правната помош за баратели на азил.
Активното учество и размената на знаења на делегацијата за време на овие состаноци придонесуваат во процесот на обликување на поефективен и подостапен систем за бесплатна правна помош во Северна Македонија, за сите граѓани.
Студиската посета беше организирана во рамките на проектот “За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија” кој е дел од заедничката иницијатива на Евроспката Унија и на Совет на Европа, “Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција”,