Back Граѓаните во Скопје, Битола и Штип ќе добијат бесплатна примарна правна помош во канцелариите на Управата за водење на матичните книги

Северна Македонија 30 октомври 2025
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Граѓаните во Скопје, Битола и Штип ќе добијат бесплатна примарна правна помош во канцелариите на Управата за водење на матичните книги

Почнувајќи од денес, граѓаните на Скопје, Битола и Штип можат да добијат примарна правна помош во канцелариите на Управата за водење на матичните книги.

Три мобилни тимови, составени од претставници на граѓански организации овластени за обезбедување бесплатна правна помош, како и студенти на правни клиники, беа формирани за да им понудат директна помош на граѓаните на овие локации. Оваа иницијатива, поддржана од Европската Унија и Советот на Европа во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, има за цел да го подобри пристапот до правдата овозможувајќи им на ранливи и маргинализирани лица - особено на припадниците на ромската заедница - да добијат навремена правна поддршка кога е потребно. Исто така, се стреми да ги зајакне капацитетите на идните правни професионалци и претставници на граѓанското општество во обезбедувањето бесплатна правна помош.

Тимовите, обучени во текот на октомври, денес ја започнаа својата работа. Тие ќе работат двапати неделно според следниот распоред:

Во овие временски периоди, граѓаните ќе можат да добијат информации за процедурите за добивање граѓанска документација и за услугите за бесплатна правна помош што им се на располагање. Исто така, ќе можат да постават конкретни прашања директно до правните експерти од тимовите и да добијат детални упатства за тоа каде и како да пристапат до бесплатна правна помош.

Ќе бидат поделени лесно разбирливи информативни материјали, кои ќе опфаќаат клучни теми како што се добивање бесплатна правна помош, како и информации за граѓанска документација, семејно насилство, имотни права, антидискриминација и социјална заштита.

Со вградување на правна поддршка во рамките на постојните јавни институции, оваа иницијатива го прави пристапот до правдата поконзистентен и подостапен за граѓаните. Вклученоста на граѓанските организации и на студентите дополнително придонесува за градење на капацитетите на идните правни професионалци и на актерите од граѓанското општество, обезбедувајќи одржливост и ефикасност на бесплатната правна помош и во иднина.

Оваа иницијатива е организирана во рамките на проектот “За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија” кој е дел од заедничката иницијатива на Евроспката Унија и на Совет на Европа, “Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција” и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во тесна соработка со Министерството за правда на Северна Македонија, Управата за водење на матичните книги и Министерството за дигитална трансформација.