Back Чинителите од областа на борбата со трговија со луѓе во Северна Македонија ги зајакнуваат своите капацитети за спречување и борба против трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација

Струмица 19-21 февруари 2024 г
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Чинителите од областа на борбата со трговија со луѓе во Северна Македонија ги зајакнуваат своите капацитети за спречување и борба против трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација

Кривичното дело трговија со луѓе со цел трудова експлоатација и понатаму е недоволно детектирано, што од друга страна ги лишува жртвите од заштита на нивните права согласно Конвенција на Советот на Европа за акција против трговија со луѓе. Меѓу институционалната соработка на чинителите во борбата против трговија со луѓе е од суштинско значење за ефективно откривање на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација и за проактивно идентификување и заштита на жртвите на ова кривично дело.

Во овие рамки, во периодот 19 – 21 февруари 2024, во Струмица, Северна Македонија, заедничкиот проект на ЕУ и Советот на Европа „Зајакнување на активностите против трговија со луѓе во Северна Македонија“ спроведе мултидисциплинарна обука за триесет трудови инспектори, полицајци, социјални работници и претставници од НВО од областа на откривање и истражување на кривичното дело трговија со луѓе со цел трудова експлоатација, со примена на пристап кој е фокусиран на жртвите.

Преку вежба – симулација заснована на студија на случај, учесниците научија за, и ја применија употребата на индикатори и стандардни оперативни процедури за откривање и справување со случаи на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација. Беа презентирани и дискутирани добри практики од Финска во однос на улогата на трудовите инспектори и мулти-дисциплинарната соработка во борбата против трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација.

„Соработката меѓу трудовите инспектори и полицијата е од клучно значење за собирање оперативни информации и градење на случај за трговија со луѓе со цел трудова експлоатација. Да се биде грижлив кон жртвите и да се заштитуваат нивните права е подеднакво важно,  ако не и далеку поважно, во овој вид на случаи. Во Финска се имаме успешно справено со повеќе случаи на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација во кои биле вмешани странски државјани, кои живееле во ужасни услови и биле платени или многу малку, или воопшто не биле платени.“ –сподели со учесниците Катја-Пиа Јену, Трудов инспектор од Финска, која во голема мера придонесе за градење на капацитетите на трудовите инспектори во Северна Македонија на темата трудова експлоатација.

Проектот „Зајакнување на активностите против трговија со луѓе во Северна Македонија“ е дел од заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“ (Хоризонтален Инструмент III). Проектот ги поддржува локалните власти во процесот на зајакнување на законската регулатива, политики, и придонесува кон засилување на одговорот на системите на кривична правда во однос на трговијата со луѓе преку градење на капацитетите и истражување.