Back Успешно завршен уште еден циклус на HELP курсот за антидискриминација со Академијата за судии и јавни обвинители на Северна Македонија

Северна Македонија 17 НОЕМВРИ 2023
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Успешно завршен уште еден циклус на HELP курсот за антидискриминација со Академијата за судии и јавни обвинители на Северна Македонија

Уште еден циклус од HELP курсот за антидискриминација успешно беше завршен со новата генерација слушатели и слушателки на Академијата за судии и јавни обвинители на Северна Македонија. Овој курс го следи успехот на трите претходни HELP курсеви за антидискриминација со адвокати и правни професионалци и еден HELP курс за антидискриминација со Академијата за судии и јавни обвинители спроведени во првата и втората фаза од заедничкиот проект на ЕУ и Советот на Европа „Борба против омразата и нетолеранцијата во Северна Македонија“.

Истрагата и обработката на случаите против дискриминација е од суштинско значење за обезбедување заштита на човековите права и еднаквост и е една од најважните алатки за борба против дискриминацијата, особено кога станува збор за судската заштита на жртвите на дискриминација. Новата генерација слушатели и слушателки на Академијата за судии и јавни обвинители се стекнаа со клучни алатки и знаења за основните концепти за борба и препознавање на дискриминацијата. Курсот успешно го завршија 96 учесници и учеснички.

HELP курсот за антидискриминација првпат беше преведен и прилагоден на македонски јазик на почетокот на 2021 година, а досега, низ претходната и сегашната фаза на проектот, 120 адвокати и правни професионалци успешно го завршија курсот, а 158 слушатели и слушателки на Академијата за судии и јавни обвинители успешно го завршија курсот.

Со цел да се зајакне и усогласи знаењето за релевантните европски стандарди во врска со антидискриминацијата, HELP онлајн курсот обезбедува детален, но лесно достапен, едукативен ресурс за правни (и други) професионалци.

Бесплатниот онлајн курс HELP е достапен на интернет платформата на HELP на повеќе јазици, вклучително и англиски и македонски јазик.

Спроведувањето на HELP онлајн курсот за антидискриминација е заедничка активност на акцијата „Борба против омразата и нетолеранцијата во Северна Македонија“ во рамките на заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа „Хоризонтален инстумент за Западен Балкан и Турција III“ и „HELP во Западен Балкан“ во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители.