Back Отворена првата Линија за советување на ЛГБТИ лица во Северна Македонија

Отворена првата Линија за советување на ЛГБТИ лица во Северна Македонија

 

Неодамна беше отворена првата Линија за советување на ЛГБТИ лица во Северна Македонија за да им даде поддршка на ЛГБТИ лицата да ги надминат предизвиците со коишто се соочуваат и да обезбедат информации и поддршка на нивните потреби. Националната линија за советување на ЛГБТИ лица е прва од овој вид и претставува голем чекор напред во поддршката на ЛГБТИ лица во Северна Македонија. Оваа линија е отворена и достапна и за нивните семејства, пријатели, како и професионалци кои работат во училишта и социјалните центри кои имаат контакт со ЛГБТИ лица или млади луѓе кои се чувствуваат збунето во однос на нивната сексуална ориентација или родов идентитет.

Линијата за советување на ЛГБТИ лица е овозможена преку поддршката за мали грантови за активности во областа на анти-дискриминација за време на КОВИД-19, во рамки на проектот „Промоција на различноста и еднаквоста во Северна Македонија“, како дел од заедничката програма на ЕУ и Совет на Европа, „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019 -2022“.

Активноста ја проведува нашиот НВО партнер „Субверзивен фронт“ со поддршка од Министерството за труд и социјална политика. ЛГБТИ лицата можат да се јават на телефонскиот број 075 24 11 24 и да побараат помош, поддршка, советување или едноставно да постават прашања поврзани со ЛГБТИ теми.

На Линијата може да се поразговара со стручно лице за прашања или грижи поврзани со соопштување на сексуалната ориентација или родовиот идентитет, проблеми во врски, депресивно расположение или анксиозност, вознемирување и малтретирање на училиште, насилство во семејството, проблеми на работното место, дискриминација, позитивен ХИВ статус или прашања поврзани со безбеден секс, суицидални мисли итн. Анонимноста и доверливоста на повиците е целосно загарантирана.

Работното време на Линијата е
понеделник: 16 – 20 часот
вторник: 10 – 14 часот
среда: 16 – 20 часот
четврток: 10 – 14 часот
петок: 16 – 20 часот


Доколку нема активна смена во моментот, барањата за поддршка може да се пратат преку СМС, на Вибер, или на фејсбук страницата на Линијата.

 

 

 

CКОПЈЕ 24 АВГУСТ 2020
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page