Back ”Гласот на невидливата работна сила” во Северна Македонија

”Гласот на невидливата работна сила” во Северна Македонија

„Гласот на невидливата работна сила “ е новата кампања за подигање на свеста, која започна во Северна Македонија, по повод Меѓународниот ден за борба против трговијата со луѓе - 30 јули. Кампањата лансирана од страна на Здружението на новинари за човекови права, грантисти на заедничката акција на ЕУ и Советот на Европа за "Спречување и борба против трговијата со луѓе во Северна Македонија", има за цел подигање на свеста за трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација. За време на кампањата ранливи групи и заедници под ризик во Северна Македонија ќе бидат информирани за опасностите од трговијата со луѓе заради експлоатација во одредени индустрии, како што се земјоделството, угостителството, градежништвото, текстилната индустрија, и за начините и средствата за нивна заштита.

„Сиромаштијата, невработеноста, ниското ниво на образование, пандемијата и неодамнешниот проток на миграција се фактори што придонесуваат за трговијата со луѓе заради трудова експлоатација. Нашата порака е: Бидете внимателни со ветувањата за работа и понудите за работа за кои не сте доволно информирани и не потпишувајте бланко договори за вработување! “, рече Наташа Доковска, претставник на Здружението на новинари за човекови права.

НВО Отворена Порта ги повикува работниците да пријават повреди на работните права, вклучително и трговија со луѓе за трудова експлоатација и ги повикува надлежните органи да ги санкционираат ваквите прекршувања “ изјави г. Стојна Атанасовска Димишковска , претставник на НВО Отворена порта. "Важна е потребата да се подигне свеста на бизнис секторот за трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација ", истакна таа.

Претставници на граѓански организации во Северна Македонија, како и претставници на Делегацијата на ЕУ, Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, новинари и експерти дебатираа за начините за спречување и откривање на случаи на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација , и разговараа за актуелните случаи на трговија со луѓе. Заклучоците од дебатата ќе бидат земени предвид во следните чекори на кампањата.

Проектот за „Спречување и борба против трговија со луѓе во Северна Македонија се спроведува во рамките на заедничката програма на Европската унија / Советот на Европа „ Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција 2019 - 2022“.

 

 

 

Cкопје 30 јули 2020
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page