Back Чинителите на Надворешниот механизам за контрола во Северна Македонија беа обучени за ефективни истраги

Скопје 15-16 февруари 2024
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Чинителите на Надворешниот механизам за контрола во Северна Македонија беа обучени за ефективни истраги

Во рамките на постојаната поддршка на јавните власти на Северна Македонија за основање и функционирање на Надворешниот механизам за контрола, заедничкиот проект на ЕУ и Советот на Европа Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем во Северна Македонија” организираше обука за јакнење на капацитетите на клучните чинители.  Вкупно 22 учесници од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди на Министерството за внатрешни работи, Народниот правобранител, како и три граѓански организации (Хелсиншки комитет за човекови права, Македонско здружение на млади правници, Еуротинк – Центар за европски стратегии) учествуваа на напредната обука за институциите кои се дел од Надворешниот механизам за контрола, спроведена на 15-16 февруари во Скопје.

Како резултат, учесниците го проширија своето знаење за важечките меѓународни стандарди и практики и ги унапредија своите способности за спроведување на ефективни истраги во случаите на несоодветно постапување. Владиниот агент од Бирото за застапување при Европскиот суд за човекови права ги претстави конкретните предмети и деталната статистика во однос на чл. 2 (Право на живот) и чл.3 (Забрана на тортура) од Европската конвенција за човекови права, по што учесниците дискутираа за постапките и обезбедувањето на потребните статистички податоци.

На обуката беа дискутирани неколку предмети од работата на овој механизам, со што учесниците го оценија неговото функционирање во минатото и ги идентификуваа точките за понатамошно унапредување на постапките и соработката. Со оглед на неодамнешното именување на претставниците на граѓанскиот сектор при овој механизам, беше организирана посебна сесија со фокус на Прирачникот за ефективни истраги.

Надворешниот механизам за контрола беше основан со поддршка од Европската Унија и Советот на Европа, за да ги адресира случаите каде  лицата со полициско овластувања, при извршување на службена задача или надвор од службата, со употреба на сила, средства за присилба или сериозна закана сториле кривично дело при што настапила смрт, тешка телесна повреда, телесна повреда или противправно лишување од слобода, мачење и друго сурово нечовечко или понижувачко постапување.

Оваа обука беше организиран во рамките на заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа  Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција – Фаза III, односно проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем во Северна Македонија”.