Back Капацитетите на адвокатите во Северна Македонија со позајакнати познавања за правда за деца

Скопје 7 април 2023 г.
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Капацитетите на адвокатите во Северна Македонија со позајакнати познавања за правда за деца

Педесет адвокати/адвокатки од Северна Македонија успешно ги завршија двата онлајн курсеви на програмата ХЕЛП (Обуки за човекови права за правни професионалци) за правда за деца. Целта на курсевите беше да им помогне на релевантните професионалци да добијат сеопфатен преглед на европските стандарди поврзани со правда за децата и на тој начин да придонесат кон поуспешна и поконзистентна примена на европските стандарди во нивното секојдневно работење.

Курсевите беа организирани со поддршка на проектот на Европската унија и на Советот на Европа, „За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија“ и проектот „ХЕЛП за Западен Балкан“, финансиран од Фондацијата за човекови права (ФЧП), во соработка со Адвокатската комора на Северна Македонија.  

Кога се соочуваат со правниот систем, децата се фрлени во застрашувачкиот свет на возрасните којшто тие не го разбираат. Затоа е неопходно да се осигури дека и пристапот до правдата, но и самиот процес, се секогаш пријателски настроени кон децата. Во согласност со Брајтонската декларација од 2012 година, важно е да се осигури дека професионалците кои работат како дел од надлежните власти во земјите-членки на Советот на Европа поседуваат сеопфатни и професионални познавања од Европскиот суд за човекови права и неговата судска пракса поврзана со правда за деца.

„Овој курс ми помогна да ги проширам познавањата кои се однесуваат на правата на децата на национално ниво и сметам дека познавањата кои ги стекнав ќе ми помагаат во секојдневната работа и со идните предмети. Материјалите беа лесно достапни, опширни и корисни. “ – вели еден од адвокатите кои успешно го завршија курсот.  

Друг адвокат во својот коментар за курсот вели: „Бидејќи ова е мое прво искуство со ваков тип на курсеви, многу сум задоволен со содржината на курсот и со тоа што имавме доволно време да ги прочитаме материјалите, тогаш кога нам ни одговара. Воопшто не се сомневам дека сакам да учествувам во повеќе вакви курсеви. “

Курсот беше преведен и адаптиран на македонски јазик во 2020 година, со поддршка на Програмата Хоризонтален инструмент на ЕУ/СЕ и веќе беше успешно спроведен во соработка со Адвокатската комора неколку пати во 2020, 2021 и 2022 година. Успехот на првите две рунди на курсеви разбуди интерес и потреба да се отпочне со нови курсеви за правда за деца, заедно со Адвокатската комора на Северна Македонија.

По успешното завршување на курсот, учесниците ќе добијат сертификати кои ќе служат како формално одобрување да работат на случаи со деца, во согласност со Законот за правда за деца.

Онлајн курсот на ХЕЛП за правда за деца се спроведува во рамките на заедничката програма на Европската унија и Советот на Европа, „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“.