Back Се одржа третиот Управен одбор на проектот „Промоција на различноста и еднаквоста во Северна Македонија“

Се одржа третиот Управен одбор на проектот „Промоција на различноста и еднаквоста во Северна Македонија“

СКОПЈЕ, 26 февруари 2021 – Третиот Управен одбор на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа, „Промоција на различноста и еднаквоста во Северна Македонија“ се одржа во Скопје, собирајќи на едно место клучни чинители, корисници и партнери за да дискутираат за постигнатиот напредок, резултатите и идните активности кои имаат за цел да ја поттикнат еднаквоста и борбата против дискриминација во македонското општество. Поради околностите околу пандемијата на КОВИД-19, настанот беше целосно онлајн.

Настанот беше отворен од г-ѓа Лејла Дервишагиќ, Оперативен директор на Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје, која ги поздрави учесниците и ја истакна важноста да се продолжи одличната соработка со корисниците и Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Г-ѓата Сања Фрковиќ - Гелевска од Делегацијата на Европската Унија во Скопје исто така истакна дека ЕУ одблизу ги следи и поддржува сите реформи во областа на анти-дискриминацијата и дека Управниот одбор е одлична платформа која нуди можност сите чинители да се соберат на едно место и да споделат важни информации и знаења.

Г-ѓата Ѓултен Мустафова од Министерството за труд и социјална политика, како еден од главните корисници на проектот, ги презентираше досега спроведените активности, со акцент на работата околу Националниот извештај за статусот на имплементација на препораките на ECRI и идната соработка во насока на спроведување на Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Во текот на 2020 година, првата Национална ЛГБТИ линија за советување во Северна Македонија беше промовирана од страна на НВО партнерот „Сувберзивен фронт“, со цел да им помогне на ЛГБТИ лицата да ги надминат предизвиците со кои се соочуваат, особено во контекстот на пандемијата на КОВИД-19, и да им овозможи информации и поддршка за нивните потреби. Поддржани од шемата за мали грантови за активности за анти-дискриминација во време на КОВИД-19 на „Horizontal Facility II”, на состанокот беа споделени клучни резултати и постигнувања на Линијата за советување, која од нејзиното воспоставување има добиено повеќе од 61 повик.

Членовите на Управниот одбор беа запознаети со неодамнешното започнување на двата HELP онлајн курсеви за анти-дискриминација на македонски јазик и зборуваа за некои од планираните активности за следните неколку месеци со особен фокус на поддршка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и поддршката на локалните самоуправи и/или невладини организации во борбата против говорот на омраза.

Оваа пролет, во Северна Македонија ќе започне многу важна иницијатива за кревање на свеста за борба против говор омраза и дискриминација, со поддршка на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа, Horizontal Facility II. Кампањата против говор на омраза која ќе вклучува познати Амбасадори од различни полиња, ќе биде комплементарна на регионалната кампања, која се спроведува во рамки на заедничкиот проект на Европската Унија/Совет на Европа „Промоција на различноста и еднаквоста во Западен Балкан“.

Проектот „Промоција на различноста и еднаквоста во Северна Македонија“ е дел од „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019 – 2022“ година, која е заедничка иницијатива за соработка на Европската Унија и Советот на Европа, спроведена од Совет на Европа, која има за

СКОПЈЕ 26 февруари 2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page