Back Граѓаните се информирани за улогата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за остварување на принципот на еднаквост во Северна Македонија

СКОПЈЕ, СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 21 МАЈ 2024
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Граѓаните се информирани за улогата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за остварување на принципот на еднаквост во Северна Македонија

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на Северна Македонија го претстави својот Годишен извештај на јавен настан организиран со поддршка на ЕУ и Советот на Европа. Извештајот истакна дека рекордни 523 случаи се поднесени до Комисијата, најмногу досега во нејзината историја.

На настанот, Игор Јадровски, претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација истакна дека „граѓаните најмногу поднесувале претставки и барале заштита од дискриминација во областа на јавното информирање и медиумите, во работата и работните односи, како и во областа на образованието и пристапот до добра и услуги“.

На присутните им се обрати и Олег Солдатов, раководител на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, кој истакна дека „ЕУ и Советот на Европа преку програмата „Хоризонтален инструмент“ од 2019 година ги поддржуваат институциите на Северна Македонија да се усогласат со европските стандарди и правото на ЕУ во однос на борбата против дискриминацијата и говорот на омраза и ќе продолжи да биде силен партнер на институциите и граѓанското општество во процесот на продолжување на реформите и поддршка на еднаквоста, човековите права и борбата против дискриминацијата во согласност со европските стандарди“.

Извештајот покажува дека најголемиот дел од претставките за заштита од дискриминација поднесени до Комисијата биле поднесени од страна на граѓани, граѓански организации и други правни лица, а 3 постапки биле покренати по службена должност. Дискриминација често била утврдувана во областа на јавното информирање и медиуми, во работата и работните односи, а имало и случаи на дискриминација и во областа на пристап до добра и услуги, образование, спорт, правда, администрација, итн.

Оваа активност беше организирана во рамки на проектот „Борба против омразата и нетолеранцијата“, дел од „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција III“, заедничка програма на Европската Унија и Советот на Европа, кој има за цел да ги поддржи напорите на институциите да развијат хармонизиран институционален пристап за борба против дискриминација и говор на омраза.