Back Подобрување на системот за здравствена заштита во пенитенцијарниот систем – институциите на Северна Македонија и Косово* ги разменија најдобрите практики

Косово 7 април 2025
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Подобрување на системот за здравствена заштита во пенитенцијарниот систем – институциите на Северна Македонија и Косово* ги разменија најдобрите практики

Делегација од Северна Македонија, составена од затворски лекари кои работат во пенитенцијарните институции, високи претставници на Министерството за здравство, како и в.д. директорот на Управата за извршување на санкциите (УИС), го посетија Косово* на 3-4 април 2025 год.

Посетата беше фокусирана на интер-институционалната координација меѓу клучните чинители во затворскиот и здравствениот систем, односно Косовската* корективна служба, како и Службите за здравство во затвори, во рамките на Министерството за здравство. Високите претставници го споделија своето искуство во градењето на структуралната организација, поставувањето на регулативната рамка, како и тековните операции. Од страна на в.д. директорот на УИС, г. Александар Пандов, како и Државниот секретар на Министерството за здравство, г. Бесим Мемети, овие искуства беа оценети како многу корисни. Политиките за вработување на здравствените работници во затворите, како и механизмот за координација беа главни теми на разговор. 

Практичните аспекти на системот на здравствена заштита во затворите беа демонстрирани при посетата на Затворот со висока безбедност, како и затворот Дубрава. Лекарот, кој беше дел од делегацијата, имаше можност да ги види процедурите кои се спроведуваат, додека домаќините искажаа подготвеност за возвратна посета.

Оваа студиска посета е втора од ваков вид во последните три години, со цел јакнење на меѓу-институционалната координација во Северна Македонија, преку учење на другите искуства од регионот, кои би помогнале во поставувањето на механизмот за подобра здравствена заштита на осудените лица.

Оваа активност беше организирана во рамките на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција, односно проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем во Северна Македонија”. 

 

 

 

 

*Оваа ознака не ги прејудицира ставовите за статусот и истата е во согласност со Резолуцијата на ОНСБ 1244 и Мислењето на МСП за Декларацијата за независност на Косово.

Проекти

*Оваа ознака не ги прејудицира ставовите за статусот и истата е во согласност со Резолуцијата на ОНСБ 1244 и Мислењето на МСП за Декларацијата за независност на Косово.