Human impact and success stories 

In its 3rd phase of implementation the Horizontal Facility actions are contributing to tangible results for the people of Western Balkans and Türkiye. This session is dedicated to specific human impact narratives and success stories coming from different actions and having a direct impact and positively influencing change and improvement in the life of individuals, communities or society at large.  Our human impact and success stories bring our programme closer to the people by showcasing real voices, real struggles, and real triumphs. These stories aim to drive awareness, mobilise support, and influence good policies. 

Let’s turn our impact stories into inspiration!  

Back Замолчување на вистината: Спротивставување на СЛАП тужбите и одбрана на слободата на медиумите во Северна Македонија

Северна Македонија 5 мај 2025 година
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Judge Aleksandar Shopov from the Appellate Court in Skopje and Lazar Sandev, a legal professional from Skopje

Judge Aleksandar Shopov from the Appellate Court in Skopje and Lazar Sandev, a legal professional from Skopje

Во знак на одбележување на Светскиот ден на слободата на медиумите – 3 Мај, слободните гласови од Северна Македонија алармираат за сè поголемата закана за демократијата: Стратешките тужби против јавното учество (СЛАП – SLAPP). Овие тужби, често маскирани како навреда, клевета или граѓански спорови, сè повеќе се користат за да ги заплашат новинар(к)ите, да ги исцрпат нивните ресурси и да го замолчат критичкото известување.

Во континуираните напори за справување со ваквите закани, проектот „Заштита на слободата на изразување и на медиумите во Северна Македонија (ПРО-ФРЕКС)“, преку заeдничката програма на Европската Унија и Советот на Европа ги мобилизира медиумските професионалци/ки, припадниците на полицијата, адвокат(к)ите, обвинител(к)ите и суди(јк)ите за да изградат национална отпорност против правното заплашување насочено кон слободата на говорот.

Судијата Александар Шопов од Апелациониот суд во Скопје, и обучувач во рамки на ПРО-ФРЕКС, го сподели своето искуство и важноста на проектот ПРО-ФРЕКС за подобро разбирање на клучните принципи на слободата на изразување и заштитата на новинар(к)ите меѓу суди(јк)ите. Според него, заедничкото знаење и особено Препораката CM/Rec(2024)2 на Комитетот на министри на земјите членки за спротивставување на злоупотребата на СЛАП тужбите претставува значаен чекор напред – таа нуди јасна рамка за препознавање и постапување со злоупотребни тужби. „Дури и пред да беше донесена конкретна анти-СЛАП легислатива, суди(јк)ите веќе имаа упатства засновани на европски стандарди и судска пракса на Европскиот суд за човекови права. Веќе ги користиме овие алатки за да ја обликуваме нашата судска пракса и да го заштитиме јавниот интерес во отворената дебата“, сподели Шопов.

Уште еден обучувач за слобода на изразување и СЛАП тужби е Лазар Сандев, правен професионалец од Скопје, Северна Македонија. Тој објасни дека, како адвокат кој се занимава со СЛАП тужби и како обучувач во рамки на акцијата ПРО-ФРЕКС, сега е посвесен за препораките на Советот на Европа како алатка за препознавање и спротивставување на ваквите злоупотреби. „Обуките што ги организираме со поддршка на проектот ПРО-ФРЕКС се од суштинско значење за зајакнување на капацитетите на суди(јк)ите, обвинител(к)ите и адвокат(к)ите во справување со СЛАП случаи. Овој пристап придонесува за постојан напредок и заштита на слободата на изразување како основно човеково право“, истакна Сандев, кој е и правен застапник на новинар(к)ите вклучени во Истражувачката Репортерска Лабораторијата (ИРЛ) – една од најистакнатите платформи за истражувачко новинарство во Северна Македонија и пошироко.

ИРЛ е позната по разоткривање на сложени корупциски скандали, незаконски финансиски трансакции и злоупотреба на моќ, и како последица често е мета на СЛАП тужби. Овие тужби не се насочени само кон казнување на новинар(к)ите поради нивните откритија, туку и кон одвраќање од идно известување во јавен интерес. Новинарките како Сашка Цветковска, главна уредничка на ИРЛ, и Маја Јовановска, истражувачка новинарка во ИРЛ, директно зборуваат за ваквите притисоци. Двете биле вклучени во истраги од висок профил што предизвикале одмазднички тужби, како и бранови на говор на омраза и координиран онлајн прогон. Како новинарки кои известуваат за корупција и злоупотреба на моќ, често се мета на родово засновани напади со цел да бидат дискредитирани и заплашени. Сепак, ИРЛ продолжува бестрашно да известува – нудејќи јасен пример зошто се неопходни силни правни и институционални механизми против СЛАП тужбите и злоупотребите.

„СЛАП тужбите не се правда, туку се користат за замолчување и заплашување на слободните гласови во новинарството кои критички известуваат за економски и политички моќните.”, потврди Цветковска.

„СЛАП тужбите се сериозна закана за слободното новинарство. Тие не само што ги обесхрабруваат новинар(к)ите да истражуваат важни прашања, туку и ја лишуваат јавноста од клучни информации за злоупотреба на моќ. Без јасна примена на стандардите за слобода на изразување, ризикуваме да создадеме општество каде што молкот е погласен од вистината.“, нагласи Јовановска.

Според Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), бројот на тужби за навреда и клевета против новинар(к)и значително се зголемува. Во 2022 година биле поднесени 54 тужби за навреда и клевета – повеќе од двојно во однос на 2021 година, кога имало 20. Во 2023 година, ЗНМ идентификува 6 СЛАП случаи, додека во 2024 – 8, според нивната внатрешна листа на индикатори усогласена со стандардите на Советот на Европа за СЛАП тужби. Според Индексот за слобода на медиумите за 2025 година на „Репортери без граници“, Северна Македонија падна од 36-то на 42-ро место, при што состојбата со слободата на медиумите во земјата е оценета како „задоволителна“.

Најновата „Регионална основна проценка на законодавни и политички потреби за имплементација на европските анти-СЛАП стандарди“ дава темелен преглед на различните правни рамки во земјите од Западен Балкан, вклучително и Северна Македонија. Извештајот ги идентификува клучните недостатоци во начинот на кој овие земји се справуваат со СЛАП тужбите и препорачува реформи за усогласување на  домашното законодавство со европските стандарди, вклучително и најновите документи на Советот на Европа и ЕУ.

Заедничкиот проект на ЕУ и Советот на Европа ПРО-ФРЕКС, заедно со неговиот претходник ЈУФРЕКС, се спроведува веќе девет години, со цел да придонесе за значителни промени вклучително и во борбата против СЛАП тужбите. Овие напори се надополнети и со Кампањата на Советот на Европа за безбедноста на новинар(к)ите – Journalists Matter, која ја подига свеста за безбедноста на новинар(к)ите и клучните предизвици со кои тие секојдневно се соочуваат. Дополнително, Платформата на Советот на Европа за промовирање на заштитата на новинарството и безбедноста на новинар(к)ите има клучна улога во следењето и справувањето со прекршувањата на медиумската слобода низ земјите-членки.

Додека Северна Македонија се приклучува кон светот во одбележување на Светскиот ден на слободата на медиумите, овие гласови – од правосудството и медиумите – служат како моќен потсетник: заштитата на новинарството од СЛАП тужбите не е избор. Тоа е демократски императив!


Оваа иницијатива е поддржана преку проектот „Заштита на слободата на изразување и слободата на медиумите во Северна Македонија (ПРО-ФРЕКС)“, имплементирана од Одделението за соработка за слобода на изразување, како дел од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Horizontal facility за Западен Балкан и Турција“.