Human impact and success stories 

In its 3rd phase of implementation the Horizontal Facility actions are contributing to tangible results for the people of Western Balkans and Türkiye. This session is dedicated to specific human impact narratives and success stories coming from different actions and having a direct impact and positively influencing change and improvement in the life of individuals, communities or society at large.  Our human impact and success stories bring our programme closer to the people by showcasing real voices, real struggles, and real triumphs. These stories aim to drive awareness, mobilise support, and influence good policies. 

Let’s turn our impact stories into inspiration!  

Back Спречување и борба против трговијата со деца во Северна Македонија: приказни за издржливост и соработка

Северна Македонија 22 Август 2025
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Спречување и борба против трговијата со деца во Северна Македонија: приказни за издржливост и соработка

Кога Јана пристигнала во домот за згрижување на СОС Детското село, таа носела  само мала торба и невидлива тежина на страв, трауми и недоверба. На само 15 години, таа издржала повеќемесечна експлоатација од страна на трговците со луѓе кои ѝ ветиле "подобра иднина". Наместо тоа, таа се нашла заробена во круг на злоупотреба и контрола. Таа била исчезната со месеци, со прашање што прогонува: Каде е Јана? 

Благодарение на упорната работа и посветеноста на локалните актери против трговијата со луѓе, Јана била лоцирана и згрижена со поддршка на Центарот за социјална работа. 

Случајот на Јана не потсетува дека зад секоја статистика стои човечка приказна. Александра Ивановски, раководител на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства во СОС Детското село, сподели со нас дека децата, жртви на трговијата со луѓе, како Јана, имаат потреба од траума-информиран и холистички пристап кој го менува прашањето од "Што не е во ред со тебе?" во "Што ти се случи?". На ваков начин се намалува ре-трауматизација и се поддржува нивното ментално здравје.

"Во изминатите неколку години, ние згриживме повеќе од десетина деца, потенцијални или формално идентификувани жртви на трговијата со луѓе, вклучувајќи мигранти, жртви на просјачење и на присилни бракови" - нагласи Ивановски.

Во Северна Македонија, помеѓу 2019 и 2024 година имало 30 идентификувани деца жртви од 115 идентификувани жртви на трговија со луѓе (околу 20%). Со нив најчесто се тргувало за сексуална експлоатација, присилни бракови, просјачење, но исто така има и случаи на трудова експлоатација и дупла експлоатација (сексуална и трудова). Децата без родителска грижа се особено изложени на ризик од трговија со деца. Во некои случаи, децата се згрижуваат, бидејќи родителите, односно семејството, не се во можност да се грижат за нив или ги експлоатираат.

 

Речиси 25 години, СОС Детското село во Северна Македонија обезбедува грижа за деца без родителска поддршка и за оние кои се во ризик да ја изгубат. Жртвите на трговијата со луѓе добиваат итно сместување, индивидуализирана поддршка, континуирана психолошка помош и квалификувани згрижувачи обучени за траума-информирана грижа.

"Децата во алтернативна грижа често доаѓаат со комплексни трауми"- објаснува Илчо Бадаров, раководител на Службата за живеење со поддршка, нагласувајќи ја важноста на примената на терапија информирана за траума. "Грижата информирана за траума ги подобрува исходите, ја намалува анксиозноста и им помага на децата и негувателите да се справат со предизвиците" – укажува тој. Специјализирани обуки за професионалците од областа беа обезбедена во текот на последните години преку разни иницијативи за градење на капацитети, поддржани и фасилитирани од страна на ЕУ и Советот на Европа. Тие имаат за цел да обезбедат дека локалните професионалци во областа се опремени со вештини и алатки за да одговорат на специфичните потреби на децата жртви на трговијата со луѓе.

 

Има докази кои покажуваат дека многу од жртвите се наоѓаат на јавни места и прво се забележани, не од соодветните институции, туку од посветени поединци. Невладината организација "За среќно детство", која е активна од 2000 година, интензивно работи со децата на улица - група која е многу ранлива на трудова експлоатација и трговија со луѓе. Обучени волонтери, често универзитетски студенти, одат на терен по семафорите, пазарите и автобуските станици за да разговараат со децата на улица, да ги слушнат нивните приказни и да откријат знаци за рано предупредување. Во овој контекст, заедничките активности за градење на капацитети организирани со поддршка на заедничкиот проект против трговијата со луѓе во Северна Македонија на ЕУ и Советот на Европа, овозможија специјализирани обуки за професионалци, спроведувачи на законот и социјални работници и подготовка на прирачници и упатства согласно потребите на децата жртви. Иницијативите за градење на капацитети и подигање на свеста кај ризичните заедници се покажаа ефикасни во борбата против трговијата со деца.

"Поддршката од ЕУ и Советот на Европа ни овозможува да го зголемиме  нашето влијание во голема мера. Тоа значи повеќе обучени професионалци, подобро опремени згрижувачки семејства и посилни системи за превенција низ целата земја."- потврди Ивановски.

 

Во изминативе години, СОС детското село згрижи повеќе од десетина деца кај кои се утврдени индикатори за трговија со луѓе - случаи кои вклучуваат сексуална експлоатација, присилно просјачење, присилни бракови и непридружени деца мигранти. Соработката со невладината организација "За среќно детство" трае со години, од обука на згрижувачки мајки и асистенти до подготовка на специјализирани прирачници за работа со деца жртви на трговија со луѓе. Од 2018 година, се обезбедува поддршка за изработка на практични прирачници за идентификување на претпоставени жртви на трговија со деца и за обезбедување на целни обуки за згрижувачите, социјалните работници, полицајците и граничниот персонал.

 

"Трговијата со луѓе е проблем кој заслужува сериозно внимание и акција. Ги погодува најранливите: жените и децата. Затоа вештините за самозаштита и издржливост кај децата треба да се развиваат уште од рана возраст" - изјави Светлана Цветковска, координаторка на Националниот механизам за упатување, објаснувајќи го значењето на добро развиениот национален и транснационален механизам за упатување на жртвите на трговијата со луѓе, со цел да се реши овој сложен проблем и да се преземат соодветни мерки.

 

Спречувањето и борбата против трговијата со деца бара храброст и колективна акција за да се осигураат силни системи за заштита од страна на јавните институции, специјализирани услуги насочени кон децата од страна на граѓанското општество и должно внимание на заедниците. Со оглед на комплексноста на овој проблем, Европската унија и Советот на Европа со здружени сили и понатаму ќе продолжат да им помагаат на локалните актери во Северна Македонија да ја унапредат борбата против трговијата со деца преку примена на клучни алатки и знаења, за ниту едно дете да не биде заборавено.

 

Додека бројките го покажуваат опсегот на проблемот, вистинската мерка за успех се трансформираните животи. Денес, Јана редовно посетува училиште, учествува во општествени активности и прави планови за нејзината иднина. "Сега се чувствувам безбедна" -  кажува таа со љубезна насмевка. "Можам да размислувам за утрешниот ден без да се плашам."

Секое спасено дете е победа. Приказната за Јана покажува дека, со вистинска поддршка, на детето може да му се овозможи посветла иднина.

 

 

 

 

Проектот "Зајакнување на акцијата против трговијата со луѓе во Северна Македонија" е дел од заедничката иницијатива на Европската унија и Советот на Европа "Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција".