Back Судиите и јавните обвинители ги зајакнаа своите вештини за примена на европските стандарди во националната правна рамка за посилна заштита од говор на омраза

Скопје, Северна Македонија 29 септември 2025
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Судиите и јавните обвинители ги зајакнаа своите вештини за примена на европските стандарди во националната правна рамка за посилна заштита од говор на омраза

Судиите, судијките и јавните обвинител(к)и имаат суштинска улога во напорите за спротивставување на говорот на омраза особено при постапувањето во предмети поврзани со овој феномен. За да им се помогне на јавните обвинител(к)и, судиите и судијките во Северна Македонија за поефикасно да се справуваат со говорот на омраза, во Скопје се одржа обука за зајакнување на капацитетите, поддржана од Европската Унија и Советот на Европа. Обуката имаше задача да го продлабочи нивното знаење за европските стандарди во борбата против говорот на омраза во рамки на домашната правна регулатива и усогласеност со овие стандарди.

Вкупно 33 судии, судијки и јавни обвинител(к)и од Северна Македонија имаа можност да дискутираат и да го прошират своето разбирање за препознавање на говор на омраза и за различните нивоа на неговото процесирање во зависност од неговата тежина.

За време на сесиите, учесниците ги разгледаа судските практики на Европскиот суд за човекови права во областа на говорот на омраза, препораката на Комитетот на министри за справување со говор на омраза, како и клучни предмети од домашната правна рамка на Северна Македонија.

Дскусијата ја истакна важноста од правилно толкување и примена на европските стандарди при балансирање помеѓу слободата на изразување и постапувањето во случаи на сериозен говор на омраза. Учесниците и учесничките размислуваа и споделуваа свои видувања и за предизвиците со кои се соочуваат при вакви предмети особено во разликувањето меѓу навредлив или провокативен говор којшто е заштитен како и изрази кои претставуваат поттикнување омраза или насилство, а во некои случаи и криминал од омраза.

За време на средбата, преку интерактивна анализа на конкретни случаи, учесниците истражуваа како судското образложение мора внимателно да го процени контекстот, намерата и можната штета - особено кога станува збор за говор насочен кон ранливи групи.

Оваа активност беше организирана во рамките на проектот „Борба против омразата и нетолеранцијата во Северна Македонија“, дел од заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“.во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители.

Хоризонтален инструмент III

Заедничката програма на Европската унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“ (Хоризонтален инструмент III) е иницијатива за соработка, која трае од 2023 до 2026 година. Програмата опфаќа проекти во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Турција. Тоа им овозможува на корисниците да ги исполнат своите реформски агенди во областа на човековите права, владеењето на правото и демократијата и да се усогласат со европските стандарди, што е исто така приоритет за процесот на проширување на ЕУ.

Ковертот на овој објект изнесува околу. 41 милион евра (85% финансирани од ЕУ, 15% од СЕ

*Оваа ознака не ги прејудицира ставовите за статусот и истата е во согласност со Резолуцијата на ОНСБ 1244 и Мислењето на МСП за Декларацијата за независност на Косово.