Како клучни агенти на промените во обликувањето и на сегашноста и на иднината, младите луѓе имаат важна улога во борбата против говорот на омраза, врсничкото насилство и другите видови вознемирување. Во таа насока, во текот на мај и јуни беа организирани неколку работилници, во три основни училишта во Општина Аеродром во Скопје.
Во работилниците учествуваа ученици од 8 и 9 одделение, како и родители и наставници. Околу 150 деца и повеќе од 50 наставници и родители учествуваа во овие работилници каде што истражуваа основни концепти околу антидискриминација, еднаквост и борба против говорот на омраза. Учесниците ги споделија своите искуства и дискутираа за практични стратегии за тоа како да се препознае врсничкото насилство и како да се преземат мерки за спречување на дискриминација, говор на омраза и секаков вид насилство во училиштата и во пошироката заедница.
Како дел од овие напори, проектот за борба против омраза и нетолеранција на Европската Унија и Советот на Европа во соработка со Институтот за човекови права во Северна Македонија развиваат два важни прирачници насочени кон препознавање и спречување на говор на омраза и малтретирање во училиштата: едниот прилагоден за родителите, а другиот за наставниците. Овие ресурси наскоро ќе бидат дистрибуирани и објавени. ЕУ и Советот на Европа, во соработка со Институтот за човекови права, исто така, подготвуваат две упатства за препознавање и спречување на говор на омраза и врсничко насилство во училиштата: еден за родители и еден за наставници, кои наскоро ќе бидат дистрибуирани и објавени.
Оваа иницијатива се спроведe во рамките на проектот „Борба против омраза и нетолеранцијата во Северна Македонија“ кој е дел од заедничката програма на Европската унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“.