Back Изработка на Стандардни оперативни процедури за обезбедување здравствена заштита во затворите во Северна Македонија

Изработка на Стандардни оперативни процедури за обезбедување здравствена заштита во затворите во Северна Македонија

На 15-16 декември во Скопје, претставниците на институциите на Северна Македонија, поддржани од консултантка на Советот на Европа, се состанаа за да го дискутираат првиот нацрт на Стандардните оперативни процедури (СОП) за обезбедување ефикасна здравствена заштита во затворите. Целта на оваа работна група е да ги подобри овие услуги, како и да ги адресира забележаните слабости од Комитетот за спречување на тортура (КПТ).

Работна група составена од затворските лекари (Идризово, Скопје, Тетово и Штип), претставниците на Министерство за здравство, како и Управата за извршување на санкциите (УИС), придонесе во изработката на СОП преку споделување на нивните искуства и практично знаење. СОП поставува унифицирани процедури кои ќе се спроведат во сите затвори на Северна Македонија, конкретно наведувајќи ги дејствијата кои треба да се преземат во фазите на здравствена заштита, почнувајќи од приемот и редовните прегледи, забележувањето на знаци на насилство и управување со лекови, до конечниот преглед пред отпуст на осуденото лице. Документот е изработен во согласност со стандардите на Советот на Европа и најдобрите практики.

Се очекува овој документ да биде финализиран и пилотиран во еден или два затвори во текот на 2022 година, за да се оцени спроведливоста во дадените услови во земјата.

Оваа активност беше спроведена преку проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во Северна Македонија” кој се финансира од Европската Унија и Советот на Европа во рамките на Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019 - 2022, имплементиран од Совет на Европа.

 

 

 

Северна Македонија 15-16 декември 2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page

Хоризонтален инструмент III

Заедничката програма на Европската унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“ (Хоризонтален инструмент III) е иницијатива за соработка, која трае од 2023 до 2026 година. Програмата опфаќа проекти во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Турција. Тоа им овозможува на корисниците да ги исполнат своите реформски агенди во областа на човековите права, владеењето на правото и демократијата и да се усогласат со европските стандарди, што е исто така приоритет за процесот на проширување на ЕУ.

Ковертот на овој објект изнесува околу. 41 милион евра (85% финансирани од ЕУ, 15% од СЕ

*Оваа ознака не ги прејудицира ставовите за статусот и истата е во согласност со Резолуцијата на ОНСБ 1244 и Мислењето на МСП за Декларацијата за независност на Косово.