Во светот на технолошки промени техниките за автоматска обработка на податоци, како на пример алгоритмите, не само што им овозможуваат на корисниците на интернет да бараат и пристапуваат до информации, туку и сѐ повеќе се користат во процеси за донесување одлуки што претходно биле целосно во рацете на луѓе. Како да се заштитат човековите права и човековото достоинство кога сме соочени со вакво темпо на технолошки промени? Правото на живот, правото на правична судска постапка и пресумпција на невиност, правото на приватност и слобода на изразување, правата на работниците, правото на слободни избори, па дури и самото владеење на правото трпат влијание. Така, едно од прашањата што е моментално предмет на најжестоки дискусии е како да се одговори на предизвиците поврзани со „алгоритмите“ што ги користат јавниот и приватниот сектор?
Како поддршка за еден од корисниците на проектот Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС) – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) на Северна Македонија во справувањето со овие предизвици, студијата на Советот на Европа со наслов „Алгоритмите и човековите права“ е преведена на македонски јазик и истате е сега достапна онлајн.
Оваа студија утврдува низа прашања за човековите прават што ги покренува сѐ поголемата улога на алгоритмите во донесувањето одлуки и нивното различно влијание врз остварувањето на човековите права. Студијата содржи преглед на можните повреди на човековите права поради алгоритамски подготвени одлуки и влијанието на истите врз начинот на кој се остваруваат и гарантираат човековите првата во согласност со стандардите, како и принципите на владеење на правото и судските процеси. Ова издание има за цел да прикаже дел од најважните актуелни прашања од гледна точка на човековите права за Советот на Европа, како и да разгледа евентуални регулаторни алтернативи за кои земјите-членки треба да размислат за да ги сведат негативните ефекти на минимум, да поддржат добри практики и да се усогласат со европските стандарди.
Проектот Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија ЈУФРЕКС е дел од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција II“, имплементирана од Советот на Европа. Оваа иницијатива за соработка им овозможува на корисниците да ги спроведат реформските планови во областите човекови права, владеење на правото и демократија, и да се усогласат со европските стандарди, вклучително, по потреба, во рамки на процесот на проширување на ЕУ.
Студија „Алгоритмите и човековите права“ (на македонски и англиски јазик)