Back Унапредување на европските стандарди во македонските судови: Анализа на судската пракса на тема слобода на изразување и безбедност на новинар(к)ите

Скопје 23 октомври 2023 година
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Унапредување на европските стандарди во македонските судови: Анализа на судската пракса на тема слобода на изразување и безбедност на новинар(к)ите

Ефективна судска заштита на слободата на изразување е клучна во едно демократско општество. Со цел да се адресира напредокот на Република Северна Македонија во ова поле, изработена е темелна анализа на домашната судска пракса.

Анализата го опфаќа периодот од 1 јануари 2016 до 1 јуни 2022 година и се фокусира на примената на Членот 10 од Европскта конвенција за човекови права и поврзаните принципи воспоставени од Европскиот суд за човекови права во македонските судови. Оваа анализа покрај тоа што го истакнува постигнатиот напредот во обезбедувањето заштита на слободата на изразување во согласност со европските стандарди, ги идентификува областите каде што треба да има подобрување. Уштеповеќе, истата дава препораки за понатамошно подобрување во одредени области.

За правните професионалци/ки и сите засегнати со оваа суштинска тема, анализата ќе послужи како одличен извор на информации, каде се става акцент на посветеноста на земјата кон слободата на изразување и напорите кои јавните власти во Северна Македонија ги вложуваат во насока на унапредување на слободата на изразување и на слободата на медиумите.

Анализата е сега достапна на англиски и македонски јазик. Истражувањето беше спроведено во рамки на програмата Horizontal Facility II, додека објавувањето и преводот на македонски јазик се изработени во рамки на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа, Horizontal Facility III, и соодветно проектот „Заштита на слободата на изразување и на слободата на медиумите во Северна Македонија“ (ПРО-ФРЕКС).


 
 

Хоризонтален инструмент III

Заедничката програма на Европската унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“ (Хоризонтален инструмент III) е иницијатива за соработка, која трае од 2023 до 2026 година. Програмата опфаќа проекти во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Турција. Тоа им овозможува на корисниците да ги исполнат своите реформски агенди во областа на човековите права, владеењето на правото и демократијата и да се усогласат со европските стандарди, што е исто така приоритет за процесот на проширување на ЕУ.

Ковертот на овој објект изнесува околу. 41 милион евра (85% финансирани од ЕУ, 15% од СЕ

*Оваа ознака не ги прејудицира ставовите за статусот и истата е во согласност со Резолуцијата на ОНСБ 1244 и Мислењето на МСП за Декларацијата за независност на Косово.