Работата во оваа тематска област се фокусира на затворите и полицијата (вклучувајќи ги и човековите права во полицијата, здравствената заштита во затворите и заштитните мерки против тортура и малтретирање), стандардите за човекови права во судството (фокусирајќи се на подобрување на примената на судската пракса на Европскиот суд за човекови права), миграциските прашања, ефикасноста на правосудните системи (со фокус на анализа на судската статистика за оптимизирање на судските администрации) и/или правна соработка (која се концентрира на зголемување на индивидуалната независност на судиите и обвинителите и одговорноста на правосуден систем).

Back Поддршка на Министерството за правда на Северна Македонија во ефикасно управување со случаи на бесплатна правна помош

© shutterstock

© shutterstock

Зголемувањето на ефикасноста, квалитетот и пристапноста на бесплатната правна помош во Северна Македонија претставува важен приоритет на Европската Унија и Советот на Европа преку заедничката програма Horizontal Facility II.  Со цел да им се помогне на локалните власти во нивните напори за поефикасно управување со случаите на бесплатна правна помош, дониран е сервер на Министерството за правда на Северна Македонија. Целта е со серверот да се обезбеди поефикасен систем за управување со случаите и со податоците за бесплатна правна помош. Очекувањата се серверот да биде поддршка за  Одделението и за подрачните единици за бесплатна правна помош на Министерството за правда во управувањето со случаите на бесплатна правна помош и на тој начин да придонесе за подобрување на пристапот до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош за граѓаните на Северна Македонија.

 

Оваа донација беше испорачана во рамките на акцијата "Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија" , која е дел од заедничката програма на Европската унија/Советот на Европа „ "Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019- 2022 година “

СКОПЈЕ 15 СЕПТЕМВРИ 2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
Проекти под тема 1: Зајакнување на правдата

*Оваа ознака не ги прејудицира ставовите за статусот и истата е во согласност со Резолуцијата на ОНСБ 1244 и Мислењето на МСП за Декларацијата за независност на Косово.