Во зависност од потребите и приоритетите на засегнатите корисници, работата во оваа област се концентрира на поддршка на институциите на народниот правобранител, инклузивно образование (со осврт на расизам, малтретирање, сегрегација и екстремизам во образовниот систем, корупција во образованието), справување со трговијата со луѓе ( со фокус на помош на жртвите на трговија со луѓе), спротивставување на дискриминацијата на националните малцинства и/или кога се заснова на сексуална ориентација или родов идентитет.

Back БЛОКИРАЈ ЈА ОМРАЗАТА, СПОДЕЛИ ЉУБОВ!

Европската Унија и Советот на Европа започнуваат нова кампања насочена кон борбата против говор на омраза во Западен Балкан
БЛОКИРАЈ ЈА ОМРАЗАТА, СПОДЕЛИ ЉУБОВ!

Говорот на омраза е во подем низ Европа, загрозувајќи ги човековите права и општествената кохезија. Во Западен Балкан, говорот на омраза особено таргетира припадници на ранливи групи, кои веќе беа погодени од стигматизација и дискриминација за време на пандемијата на КОВИД-19. За да се спротистават на овој феномен, Европската Унија и Советот на Европа денес лансираат нова кампања за Западен Балкан: „Блокирај ја омразата. Сподели љубов.

Имајќи ја предвид епидемиолошката ситуација, кампањата целосно ќе се одвива онлајн, преку страници на Фејсбук, Инстаграм и Твитер, специјално наменети за кампањата: „Блокирај ја омразата. Сподели љубов.“ и ќе бидат активни во текот на следните години. Граѓански активисти, новинари, студенти и сите оние кои веруваат дека преку љубовта може да се победи омразата, се поканети да бидат дел од оваа кампања преку следење и споделување на објавите, користење на нивните пораки за да одговорат на различни форми на омраза кои влијаат на нивниот приватен и општествен живот или на животот на членовите на нивното семејство, пријатели или други поединци.

Не само институциите, туку и луѓето, секој поединец, треба да бидат подготвени да одговорат на говорот на омраза. Денес, јас се приклучив на кампањата за да кажам „БЛОКИРАЈ ЈА ОМРАЗАТА, СПОДЕЛИ ЉУБОВ“ и ве поканувам и вие да го направите истото. Придружете ни се и продолжете да ја следите кампањата во годините кои следуваат“, рече Меглена Кунева, шефицата на Делегацијата на Европската Унија во Совет на Европа.

Верена Тејлор, директорка на Канцеларијата на Генералниот директорат за програми на Совет на Европа, додаде: „Нашето тело за анти-дискриминација, Европската комисија против расизам и нетолеранција, создаде јасни водичи за државите и за граѓанскиот сектор, за тоа како да го адресираат говорот на омраза. Еден видлив и силен инструмент е кампањата против говор на омраза која е лансирана во рамки на Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција. Ги покануваме сите да се приклучат на ова движење против говор на омраза кое се случува на европско ниво и да застанат на страната на различноста и еднаквоста.

Амбасадорите против говор на омраза, кои се еминентни јавни личности од Западен Балкан, активно ќе земат учество во кампањата.

Видеата и други материјали можат да се најдат на различните социјални мрежи на кампањата и на веб-страницата на програмата Horizontal Facility.

Кампањата се одвива во рамки на проектот „Промоција на различноста и еднаквоста во Западен Балкан“, кој е дел од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019 – 2022“ и го спроведува Одделот за анти-дискриминација на Совет на Европа.

Западен Балкан 15 декември 2020
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
Проекти под тема 3: Промовирање на антидискриминација и заштита на правата на ранливите групи