Back Донесен Законот за пристап до паричен надоместок за жртви на трговија со луѓе во Северна Македонија

shutterstock

shutterstock

Собранието на Северна Македонија го усвои Законот за исплата на паричен надоместок за жртви на кривични дела со насилство (Законот). Заедничкиот проектот на Европската Унија и Советот на Европа „Спречување и борба против трговија со луѓе во Северна Македонија“ од 2017 година даваше постојана поддршка на Министерството за правда во подготовката на овој закон, обезбедувајќи стручна експертиза во изработката на законот и ускладување на соодветните подзаконски акти со цел да потпомогне ефективна и ефикасна имплементација, како и сообразност со Конвенцијата за акција против трговија со луѓе на Советот на Европа.

Законот им овозможува на возрасните лица и децата – жртви на тешки кривични дела, на пр. трговија со луѓе, домашно насилство, родово-засновано и полово насилство, да добијат паричен надоместок преку државна мерка, заснована на солидарност, под услов кривичното дело да биде пријавено во полиција или на јавното обвинителство.

Со новиот закон се адресира клучната препорака на Групата на експерти за акција против трговијата со луѓе (ГРЕТА) која ја надгледува имплементацијата на Конвенцијата за акција против трговијата со луѓе на Советот на Европа. Во својот прв и втор извештај ги повикува властите да воспостават државна мерка за паричен надоместок која ќе биде пристапна за жртвите на трговија со луѓе, без разлика на нивната националност или имигрантски статус.

Во 2021 г. за прв пат, две деца-жртви на трговија со луѓе добија надоместок од извршителот на кривичното дело. Благодарение на законот, жртвите ќе добијат надоместок за материјална и нематеријална штета врз основа на принципот на недискриминација. Исто така, правото на надоместок е загарантирано за странски државјани експлоатирани во Северна Македонија под одредени услови. Максималниот износ на надоместокот е утврден на 5,000 евра. Согласно овој закон, жртвите имаат право да бидат во целост информирани за нивните права и процедурите за добивање на надоместок, да добијат информации на јазик на кој го разбираат, да го уживаат правото за заштита на лични податоци и да поднесат жалба на одлуката за надоместок. Законот ќе стапи на сила на крајот од 2022 година.

Проектот „Спречување и борба против трговијата со луѓе во Северна Македонија“ е дел од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција II 2019 – 2022“, иницијатива за соработка заеднички финансирана од Европската Унија и Советот на Европа и имплементирана од Советот на Европа, која има за цел да им помогне на земјите-кориснички од Југоисточна Европа исполнување на стандардите на Советот на Европа и правото на Европската Унија во рамки на процесот за проширување.

 

 

Скопје 16 ноември 2022
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page