Back Повик за набавка на комуникациски услуги за видливост и кревање на јавна свест

Северна Македонија 28 април 2023 година
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
фотографија: Shutterstock

фотографија: Shutterstock

Во рамките на третата фаза на заедничката програма на Европската унија и Советот на Европа „Хоризонтален иструмент за Западен Балкан и Турција“, Советот на Европа го спроведува проектот „Борба против омразата и нетолеранцијата во Северна Македонија“.

Во тој контекст, Советот на Европа има потреба од  услуги во областа на комуникации и кревање на јавна свест за спроведување на активностите од проектот, особено кампањата за борба против говор на омраза.

Рокот за доставување понуди е 25 мај 2023 година. Апликациите треба да се достават електронски на: [email protected].

 Тендерска документација

 Договор